Скопје, 11 април 2020 (МИА) – На 10.04.2020 во 16.35 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Пролет“, за време на воведената мерка за ограничено движење, го лишиле од слобода В.А.(37) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени предмети за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од кривично дело „кражба“. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 10.04.2020 околу 10.45 часот на паркинг пред зградата на Општина Ресен, на ул.„Илинденска“, патничко возило „фолксваген каравела“, со велешки регистарски ознаки, управувано од М.А.(41) од Велес удрило во пешак М.Ќ.(79) од Ресен. По незгодата М.Ќ. била пренесена во Здравствен дом Ресен, каде од лекар ѝ била констатирана тешка телесна повреда. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Ресен.
На 10.04.2020 во 11.50 часот во Полициска станица Центар, А.С.Б.(49) од Скопје пријавила дека на пешачка патека во близина на „МЕПСО“ на ул.„Кеј 13 Ноември“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога.
На 10.04.2020 околу 14.10 часот пред здравствена амбуланта во с.Банско, струмичко, М.Н.(25) од с.Банско, управувајќи патничко возило „застава“, со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во четири малолетни лица, на 4, 9, 14 и 17 години, сите од с.Банско, а потоа во електричен столб. По незгодата возачот и пешаците биле пренесени во Медицински центар Струмица за укажување на лекарска помош, при што кај четиригодишникот од лекар била констатирана смрт, а со тешки телесни повреди се здобил 14-годишниот пешак. Кај возачот и другите двајца малолетници се констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Струмица.
На 10.04.2020 во 15.35 часот во Полициска станица Кичево, Д.П.(41) од Кичево пријавил дека на ул.„Влашки пат“ во Кичево неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник во пределот на левата потколеница. мс/