Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

МВР го документирала случајот со постот на Б.Т. и го информирало Обвинителството

Скопје, 15 февруари 2020 (МИА)На 14.02.2020 во периодот од 19.00 до 20.40 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес во домот и помошните простории на К.А. (21) во Тетово.

При претресот биле пронајдени и одземени неколку пакувања со прашкаста материја и дигитална вага. По целосно документирање на случајот, против К.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.02.2020 во периодот од 16.15 до 17.30 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес во домот и помошните простории на С.И.(22) во Тетово.

При претресот биле пронајдени и одземени дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и најлонска кеса со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот, против С.И. биде поднесена соодветна пријава.

На 14.02.2020 во периодот од 15.15 до 17.45 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со полициски службеници со  службено куче од Единицата за службени кучиња, извршиле претрес во домот и помошните простории на M.Л.(35) во Тетово.

При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, воздушна пушка „Дијана“ без сериски број, шест куршуми калибар 7,62мм и една запалка за рачна бомба. Пред започнување на претресот, во дворот дошол и С.И.(22) од Тетово, кај кого подоцна, исто така, бил извршен претрес и, откако полициски службеници се обиделе да извршат преглед над него, во устата ставил неколку ќесички со марихуана и бела прашкаста материја. Полициските службеници успеале да извадат дел од нив, додека дел ги проголтал, по што бил пренесен во Клиничката болница Тетово. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.02.2020 во 03.15 часот во просториите на Полициската станица Кисела Вода, поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 239 став 1, а во врска со член 242 од Кривичниот законик, од слобода бил лишен М.Е.(23) од Р.Србија.

Тој бил задржан за понатамошна постапка.

Во периодот од 23.00 часот на 14.02.2020 до 02.30 часот на 15.02.2020, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во угостителски објект на ул. „Страшо Пинџур“, сопственост на А.Б.(42). Притоа, во објектот биле затекнати две македонски државјанки и осум странски државјанки, сместени во објектот.

Сите странски државјанки поседувале Потврди за пријава на работна дејност од Агенција за вработување и Согласност за регулирање на престој на странец од Министерство за економија. На сепарето каде што биле сместени лицата биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја. Сите 10 лица се приведени во СВР Тетово и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.02.2020 околу 20.50 часот на автопатот Скопје – Куманово, поточно кај клучка Куманово, полициски службеници од Мобилна единица на граничната полиција од слобода го лишиле Х.К.(21) од с.Рашче, скопско, затоа што во товарното возило „цитроен“, со гостиварски регистарски ознаки, што го управувал, биле пронајдени 31 лице – мигранти, од кои 21 – државјани на Пакистан, 4 – државјани на Сирија и 6 – државјани на Авганистан.

Х.К. бил приведен во СВР Куманово за понатамошна постапка, а мигрантите се сместени во Транзитен центар Табановце. По целосно документирање на случајот, против Х.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15.02.2020 во 04.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје влегле четири вооружени лица и почнале да пукаат кон присутните, при што го погодиле В.Х.(22) од Косово, кој починал на местото.

Додека, според пријавеното, Б.Н.(20) од с.Крушопек, скопско, ангажиран како приватно обезбедување во казиното, со кундак бил удрен во главата, по што и тој починал. Според пријавеното, потоа од касата го одзеле дневниот промет и заминале. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

На 13.02.2020 околу 20.10 часот во Полициската станица Струга, С.С.(54) од Струга пријавил дека на земјен пат пред неговиот дом на ул.„Едвард Кардељ“ забележал неексплодирана рачна бомба од Втората светска војна.

На 14.02.2020 бил извршен увид, а бомбата била безбедно подигната од овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.

На 14.02.2020 во 08.50 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на депонија „Мелци“ – Кавадарци била пронајдена експлозивна направа. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека станува збор за артилериско зрно 75мм. Од страна на одговорно лице од Дирекцијата за заштита и спасување експлозивната направа била безбедно подигната за понатамошна постапка. сст/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме