Скопје, 9 јуни 2020 (МИА) – На 08.06.2020 во Полициската станица Прилеп, В.М.(32) од Прилеп пријавила дека на 07.06.2020 околу 23.30 часот две лица со употреба на сила влегле во нејзината куќа и физички го нападнале нејзиниот сопруг.
Од МВР денеска информираа дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Синоќа околу 21.15 часот во Полициската станица Свети Николе, А.В.(43) од Лозово пријавил дека во село Сарамзалино, општина Лозово, Б.В.(35) од село Сарамзалино му упатил закани и се обидел да го нападне со секира. Според пријавеното, претходно, Б.В. на социјалната мрежа „Фејсбук“, исто така, упатил закани по неговиот живот. За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.
На 08.06.2020 околу 19.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во стан на ул.„Благоја Паровиќ“, сопственост на С.А.(72). Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
На 08.06.2020 во 21.30 часот во СВР Скопје, К.И.(43) од Скопје пријавила дека околу 20.50 часот пред маркет на бул.„Партизански одреди“, по претходна расправија, била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во СВР Скопје вчера околу 10.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, поради недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.Ќ.(42) од Скопје и И.С.(54) од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекшоците против јавниот ред и мир.
На 08.06.2020 околу 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во куќа во изградба на ул.„Македонско-косовска бригада“, сопственост на Р.Ј.(43) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
На 08.06.2020 во 16.55 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на влезот во село Дреново, во нива, до трактор „ИМТ 539“, бил пронајден починат И.Ј.(72) од село Дреново. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина Скопје. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.
На 09.06.2020 околу 00.30 часот во СВР Скопје, М.Б.(20) од Скопје пријавил дека на крстосница од бул.„Србија“ со бул.„Трета македонска бригада“, В.К. и уште две лица физички го нападнале и му одзеле јакна и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.06.2020 околу 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Визбегово, скопско, настанал пожар во дива депонија на место викано „Коњски рид“. Пожарот е ставен под контрола од страна на екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
На 08.06.2020 во 20.25 часот во СВР Скопје, О.М.(80) од Скопје пријавила дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 08.06.2020 во 22.30 часот во СВР Скопје, С.А.(31) од Кочани, со престојувалиште во Скопје пријавила дека од семејниот дом се оддалечила нејзината ќерка Љ.А.(10). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Љ.(30) од Шуто Оризари, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин. На 07.04.2020 во с.Косел пријавениот ја затекнал оштетената Д.Т. и разговарајќи со неа пристигнале до нејзината куќа, каде побарал и добил пари од неа. Додека таа му подготвувала пијалак, пријавениот пребарал во спалната соба и одзел коверт со 550 евра и други пари, по што го напуштил местото. На 03.06.2020 пријавениот бил пронајден на ул.„Бекир Али Риза“ и бил лишен од слобода.
На 09.06.2020 во 01.20 часот во Полициската станица Гази Баба, И.Д.(50) од Скопје пријавила дека на кејот на реката Вардар нејзината 17-годишна ќерка била касната од кучиња скитници.
На 08.06.2020 во 17.45 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Т.(58) од Скопје пријавила дека од стан во Охрид, каде престојувала, се оддалечила нејзината ќерка С.Т.(35) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против В.С.(27) од с.Стрмош, пробиштипско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 19.05.2020 пред продавница во с.Стрмош пријавениот со стаклено шише го нападнал Д.С. и му нанел телесни повреди.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ќ.Е.(27) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’. На 06.07.2019, полициски службеници спровеле акциска контрола и преглед на присутните гости во угостителски објект во Тетово и на една од масите бил забележан пријавениот како на Н.Љ.(32) од Тетово му дава предмет, кој тој го фрлил. Од извршените анализи било потврдено дека станува збор за наркотична дрога хашиш.
СВР Куманово и СВР Штип поднесоа 24 кривични пријави против: Г.А.(36) од Куманово, И.Ј.(36), Д.Р.(26), двајцата од Скопје, А.Е.(17), Е.Џ.(17), Т.З.(22), Х.О.(23), Џ.А.(14), Д.Д.(23), Ш.К.(56), Р.Џ.(37), сите осум од Штип, З.Ш.(44) од с.Балталија, штипско, К.В.(38) од с.Трсино, виничко, Д.Т.(55) од с.Двориште, Р.В.(25), И.Н.(26), двајцата од Струмица, И.Н.(21), С.Н.(39), Т.М.(21), тројцата од Свети Николе, М.А.(15), Е.А.(17), Г.Ѓ.(16), тројцата од Кочани, К.С.(64) од с.Киселица, делчевско, и П.К.(77) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење. цр/