Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 31 мај 2020 (МИА)На 29.05.2020 во 23.05 часот во с.Инџиково, скопско, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 17-годишен малолетник од с.Сарај, скопско, затоа што при преглед кај него бил пронајден нож. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него била поднесена пријава по член 80 од Законот за оружје.

На 30.05.2020 во 16.30 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Битола го привеле С.Ш.(42) од с.Ивањевци за издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Идризово-Скопје.

На 30.05.2020 околу 20.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека од патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.Ј.(33), а сопатник бил Д.П.(31), двајцата од Прилеп, било пукано кон стражарницата која се наоѓа во кругот на касарната „Мирче Ацев“. Полициски службеници презеле мерки и возилото и лицата биле пронајдени и лишени од слобода. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 30.05.2020 во 18.40 часот на две локации на ул.„Малешевска“ во Скопје пронашле букови огревни дрва без жиг и боја. Претставници на шумската полициција излегле на местото, а од Јавното претпријатие „Караџица“ дрвата биле подигнати за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.05.2020 во 23.30 часот во Полициската станица Аеродром, Д.К.(30) од Скопје пријавил дека околу 23.00 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје бил физички нападнат од едно лице и му била нанесена повреда на глават. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.05.2020 во 15,20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во влез од зграда на бул.„Кочо Рацин“ едно лице со употреба на сила од Р.М.(86) од Скопје одзело пари и лични документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.05.2020 околу 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на бул.„Св.Климент Охридски“ едно лице со закана одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.05.2020 во 08.30 часот во Полициската станица Карпош, вработена во Јавната установа за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение пријавила дека од установата се оддалечила нивната штитеничка М.С.(17) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 31.05.2020 во 09.30 часот СВР Куманово, В.А.(72) од Куманово пријавила дека од семејниот дом на ул.„Жикица Јовановиќ Шпанац“ се оддалечил нејзиниот сопруг В.А.(76). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 30.05.2020 во 11.30 часот во СВР Велес, С.Ѓ.(59) од Велес пријавил дека на ул.„Димитар Влахов“ во Велес бил каснат од куче скитник.

На 29.05.2020 околу 22.15 часот во СВР Велес, Б.П.(39) од Велес пријавил дека на ул.„Васил Ѓоргов“ во Велес бил каснат од куче скитник.бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм