Скопје, 30 мај 2020 (МИА) – На 29.05.2020 околу 21.30 часот на улица „Васил Стефоски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода Н.М.(45) и Е.Ш.(40), двајцата од Охрид, затоа што при преглед во патничко возило „бмв“ во кое биле двајцата, била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
На 29.05.2020 во 16.00 часот на ул.„Кеј Димитар Влахов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Х.(29) од Скопје затоа што се однесувал агресивно и се заканувал на полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 28.05.2020 во 23.10 часот на ул.„Костурски Херои“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Е.(21) од Скопје затоа што се однесувал агресивно и се заканувал на полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 29.05.2020 во 10.17 часот во СВР Скопје, од Градската болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен З.А.(33) од Скопје. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека З.А. се здобил со поврдите додека извршувал работни задачи во фирма на ул.„Пролетерска“ во Скопје. Се работи на расчистување на случајот.
На 29.05.2020 во 02.40 часот во СВР Скопје, С.П.(28) од Скопје пријавила дека околу 00.00 часот во семејниот дом на ул.„Никола Тесла“ таа и нејзината мајка В.П.(61) биле физички нападнати од нејзиниот татко Љ.П.(59) од Скопје. Љ.П. бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 29.05.2020 во 12.00 часот во Полициската станица Гостивар, Л.Д.(35) од Гостивар пријавил дека бил измамен од лицето А.„Н“. Според пријавеното, на 14.08.2017 негов познаник го повикал кај него затоа што кај него било лице кое продавало стан во склоп на хотел во Струга и ако бил заинтересиран да дојде да се договорат. Исто така, според пријавата, тој отишол и се сретнал со А.„Н“, при што се договориле да го купи станот за цена од 8.000 евра, а парите ги барал веднаш затоа што правел свадба. Како што е пријавено, Л.Д. се согласил и наредниот ден заедно со негов пријател во Гостивар се сретнале со А.„Н“ и му дал половина од сумата и ги зел клучевите од станот, а неколку дена подоцна повторно се сретнале во угостителски објект и му ја дал втората половина. Според пријавеното, по неколку дена, Л.Д. отишол во хотелот во Струга каде што го известиле дека лице со име А.„Н“ не поседува стан и му дозволиле да провери. Како што пријавил Л.Д., после тоа тој се сретнал со А.„Н“ и по извршен разговор со него дознал дека бил измамен, а до денот на пријавување не добил сопственост на станот и не му биле вратени парите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.05.2020 во 15.45 часот во Полициската станица Гостивар, Д.Н.(64) од Гостивар, вработен како лекар во болницата во Гостивар, пријавил дека околу 13.40 часот во Ургентен центар Гостивар бил физички нападнат од Б.А.(44) од Гостивар, лекар во Ургентен центар Гостивар. Сочинет е записник за констатиран прекршок и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 29.05.2020 околу 17.25 часот во Полициската станица Чаир, Х.В. и К.В.(47) пријавиле дека лице со патничко возило „ауди“ ги бркал со возилото и сакал да ги убие. Полициски службеници извршиле пребарување на теренот и го пронашле Г.И.(31) од Скопје и возилото „ауди“ што го управувал. Исто така, била пронајдена и една лопата со која било извршено оштетувањето на патничко возило „мицубиши“, а Г.И. бил приведен. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 29.05.2020 околу 20.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред бензинска пумпа на Транспортен центар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу неколку лица. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Б.Ј.(54) од Скопје бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.05.2020 во 11.00 часот во Полициската станица Крива Паланка, А.Ј.(45) од Крива Паланка пријавил дека од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка Е.Ј.(14). Пријавителот се сомнева дека се наоѓа во Кочани во домот кај лицето А.Н.(20). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 29.05.2020 во 22.30 часот во Полициската станица Валандово, Н.К.(47) од с.Јосифово пријавил дека од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка С.К.(15). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 29.05.2020 во Полициската станица станица Кичево, М.С.(39) од Кичево пријавила дека на булеварот „Ослободување“ во Кичево била касната од куче скитник.бт/