Утрински Весник
Македонија

МВР билтен (дпл)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 26 мај 2020 (МИА) – ОВР Струга, до надлежното Основно јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против М.С.(38) од Скопје и против правното лице „Блуинвест“ со седиште во Струга поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот, во својство на управител на фирмата и инвеститор, во текот на минатата година во струшкото село Мислешево без соодветно одобрение за градба започнал со изградба на објект за домување. По извршениот инспекциски надзор, донесено е решение со кое на инвеститорот му се наложува да прекине со изградбата и во определен рок да го усогласи објектот според претходно издаденото одобрение .

Вчера во 13:49 часот во СВР Скопје, Д.К.(21) од Скопје пријавил дека околу 13.25 часот на бул.„Крсте Мисирков“ бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24 мај 2020 во 21:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 21:30 часот на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, А.Б.(25), В.Б.(48) и В.Б.(21), сите од Скопје, биле физички нападнати од А.Н и П.Н. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера околу 20:30 часот во Полициската станица Македонски Брод било пријавено дека во село Белица, Македонски Брод, во куќа сопственост на С.Т., З.К.(44) од Скопје, кој престојувал како гостин, со воздушна пушка на С.Т. испукал една дијабола кон метално буре во дворот, при што повредил шестгодишно девојче од Скопје, кое со нејзината мајка А.Ц., исто така, престојувала во куќата. Според пријавеното, З.К. ја земал пушката без согласност и одобрение од С.Т.. Девојчето било пренесено во ЈЗУ-Македонски Брод за укажување лекарска помош. Увид извршила екипа од Полициската станица Македонски Брод. За настанот бил запознаен јавен обвинител.

Во ОВР Прилеп, вчера во  22.15 часот, 40-годишен маж пријавил дека околу 19:30 часот во домот каде престојува неговата сопруга (28), со која се во бракоразводна постапка, по претходна расправија, со остар предмет го удрила во пределот на грбот и му нанела повреда. Истиот ден, во 23:15 часот во ОВР Прилеп, сопругата пријавила дека околу 19.30 часот во нејзиниот дом, нејзиниот сопруг физички ја нападнал. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Вчера околу 15:30 часот на ул.„Панде Кајзеро“ во Битола, при преземање на мерки во врска со претходно пријавени настани „нарушување на јавниот ред и мир“ и „поплака“, И.В.(54) од Битола со стаклен предмет нападнал полициски службеници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ноќеска 47 по полноќ, во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Зендел Џемаил“ во Скопје настанал пожар во куќа, сопственот на Б.Г.(37) од Скопје. Во пожарот изгорела штала во која имало еден коњ. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожзрна заштита Скопје. Увид ќе се врши во текот на денот.

Вчера во 21:50 часот во СВР Скопје, З.Р.(37) од Скопје пријавил дека пред маркет на ул.„Кемал Сејфула“ во Скопје бил опожарен контејнер за отпад, сопственост на Комунална хигиена Скопје. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Скопје.

Вчера во 13:32 часот во СВР Скопје, А.М.(43) од Скопје пријавил дека во период од 00.30 часот на 24 мај до 13 часот вчера во угостителски објект на ул.„Пушкарска“ во Скопје непознат сторител извршил „тешка кражба“, при што одзел пари и пијалоци. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мреки за расчистување на случајот.

СВР Тетово, СВР Велес и СВР Штип поднесоа 19 кривични пријави против М.Ш.(28) и К.З.(26), двајцата од Тетово и биле лишени од слобода, В.С.(31) од с.Чегране – гостиварско и бил лишен од слобода, М.М.(36), А.А.(19) и А.Г.(32), тројцата од Гостивар и биле лишени од слобода, М.Х.(23) од с.Врапчиште – гостиварско и бил лишен од слобода, М.Д.(25) и П.Т.(31), двајцата од Велес, М.Б.(60) од с.Бистренци – Демир Капија и бил лишен од слобода, И.А.(77), О.Б.(40) и Б.Т.(53), тројцата од Виница, М.П.(26), М.Н.(24) и Д.М.(23), тројцата од Пробиштип, И.С.(41) од село Неокази – пробиштипско, Д.Ј.(25) и В.В.(25), двајцата од село Злетово – пробиштипск, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење. бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЈО: Предложени мерки на претпазливост и привремено одземање на пасошот за Иџет Мемети

За прв пат Љупчо Палевски е спроведен во суд

Врховниот судија Наке Георгиев спроведен во Кривичен, ќе се одлучува за неговиот притвор