Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 20 мај 2020 (МИА) – На 19.05.2020 околу 17.00 часот на наплатна станица „Отовица“, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода А.Б.(26), Р.Ј.(24) и Б.В.(23), сите од Скопје, затоа што при контрола на патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А.Б., а се превезувале и Р.Ј. и Б.В., бил пронајден и одземен пиштол „Beretta“, кој А.Б. го поседувал без дозвола.

По целосно документирање на случајот, соопштија денеска од МВР, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Одделението за внатрешни работи Кавадарци поднесе кривична пријава против П.М.(38) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот закон. При претрес во неговата викенд куќа на Тиквешко езеро, атар на село Брушани, полициски службеници пронашле марухуана и кокаин.

На 20.05.2020 во 12.20 часот, полициски службеници од СВР Штип го привеле А.Л.(27) од Штип затоа што на ул.„Сремски фронт“, при контрола постапувал спротивно на Уредбата со законска сила за задолжително носење на заштитни средства на лицето за спречување од ширење на КОВИД 19 и при проверка на неговиот идентитет, агресивно се однесувал кон полициските службеници. По комплетирање на случајот против А.Л. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 20.05.2020 во 08.00 часот на ул.„Втора Македонска бригада“, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Б.(59) од Велес бидејќи бил затекнат при извршување кривично дело „кражба“ и притоа се однесувал агресивно кон полициските службеници. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 20.05.2020 полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.Е.(17) од Штип затоа што околу 14.30 часот на ул.„Радански пат“ во Штип со нож го нападнал С.М.(26) од Штип, при што му нанел повреди. По целосно документирање на случајот, против А.Е. ќе биде поднесена кривична пријава.

На 20.05.2020 во 15.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„Радован Цониќ“, по претходно недоразбирање, Н.И.(39) од Тетово со остар предмет му нанел убодна рана во пределот на левата рака на Ч.Л.(40) од Тетово. Околу 17.55 часот Н.И. сам се пријавил во Полициска станица Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 21.05,2020 околу 07.35 часот на регионалниот пат Маврово-Дебар, на клучката за Стрезимир, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел корса“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(42) од Гостивар и патничко возило „фолксваген кеди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Л. од Гостивар. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Б.Ј. и бил пренесен во Ургнетниот центар во Гостивар каде му била укажана лекарска помош. Увид извршила екипа од Полициската станица Готсивар.

На 20.05.2020 во 10.20 часот во Полициската станица Кочани, В.Т.(41) од Берово, со престојувалиште во Кочани, пријавил дека на 19.05.2020 во 18.55 часот на ул.„Стево Теодосиевски“ настанал пожар во паркирано патничко возило „киа спортаж“, сопственост на неговата сопруга Т.Т.. Пожарот бил изгаснат од пријавителот и негови соседи. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кочани.

На 20.05.2020 околу 21.20 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници дале знак за запирање на возило „range rover“ со скопски регистарски ознаки, кое не застанало и продолжило со движење кон Гостивар. Во 21.40 часот на наплатната рампа Желино возилото било запрено од полициска патрола и било констатирано дека се работи за Б.М., кој се претставил како директор на „Македонија Пат“. По наредба на Јавен обвинител на лицето ќе му биде издаден платен налог по член 211 став 4.

На 20.05.2020 во 19.25 часот во СВР Скопје, К.Д.(25) од Скопје пријавил дека околу 18.00 часот на ул.„Христо Ботев“, по претходна расправија околу собраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 21.05.2020 во 11,30 часот во СВР Скопје, С.П.(43) од Скопје пријавил дека на бул. АВНОЈ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против албанскиот државјанин Т.С.(20) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Тој, на 12.12.2019 преку граничниот премин „Ќафасан“ остварил влез во РСМ и при контрола полициските службеници под ранец оставен на седиштето пронашле кеса со марихуана.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.Ш.(52) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 07.05.2020, пријавениот физички го нападнал М.И., по што се обидел да го повреди со нож и секира, но не успеал. Притоа, со повреда се здобил Р.И., татко на М.И., кој му помогнал. По настанот, пријавениот бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Л.И. (68) од с.Радолишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 24.04.2020 на ул.„Партизанска“ во Струга, пријавениот со тврд предмет го оштетил возилото на Ж.Ф. од с.Велешта, по што настанала физичка пресметка помеѓу нив.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против А.Б.(31) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”. На 16.04.2020 на булевар „Македонија” во Делчево, пријавениот физички го нападнал С.Ј.(26) со престојувалиште во с.Панчарево, пехчевско.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.Б. (68) од с.Радолишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „давање на лажен исказ“. На 20.01.2020, пријавениот дал лажен писмен исказ, во кој изјавил дека возачката дозвола му била изгубена, а по одредено време со истата дозвола, поднесено било ново барање за замена и издавање на возачка дозвола од Р.Австрија.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.В. (53) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, ДПУ „ЕЛЕКТРО ЛАЈТ“ ДООЛ увоз-извоз Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ и против В.Ј.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Првопријавениот, како управител на второпријавеното правно лице, откако извршил увоз и царинење на моторно возило „МAN“ од Р.Словенија во Р.С.Македонија на име на ДПТУ „ЕЛЕКТРО ЛАЈТ ДООЕЛ“, изготвил целосно фалсификувана потврда за исполнување на техничките барања, наведувајќи дека била издадена од овластен преставник. Потврдата ја употребил на 12.04.2016 во прилог на барање за единечно одобрување на возило доставено до овластена фирма во Скопје, каде што бил отворен предмет, кој го земал третопријавениот. Тој, иако било очигледно дека податоците во потврдата се невистинити, постапил спротивно правилникот за единечно одобрување на возило и издал потврда за сообразност за единечно одобрено возило за возилото, која првопријавениот ја употребил во прилог на барање за регистрација од каде врз основа на истата било извршено регистрирање на моторното возило и биле издадени македонски регистарски таблици и македонска сообраќајна дозвола.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.М.(48) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, против ДПППГП „САТЕЛИТ 2001“ ДОО увоз-извоз Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ и С.К.(50) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Првопријавената, како управител на второпријавеното правно лице, откако извршила увоз и царинење на моторно возило марка „MERCEDES ACTROS“ од Холандија во РС Македонија на име на второпријавеното правно лице, изготвила фалсификувана потврда за исполнување на техничките барања. Потврдата со невистинита содржина ја употребила на 22.12.2018 во прилог на барање за единечно одобрување на возило доставено до овластена фирма од Скопје, каде што бил отворен предмет, кој го земал третопријавениот. Тој издал потврда за сообразност за единечно одобрено возило за моторно возило марка „MERCEDES ACTROS“, со која првопријавената ја искористила во прилог на барање и било извршено регистрирање на возилото на име на второпријавенито правно лице и биле издадени македонски регистарски таблици и македонска сообраќајна дозвола.

СВР Тетово, Битола, Куманово, Струмица и СВР Охрид поднесоа 84 кривични пријави против И.Ш.(22), Е.С.(33), двајцата од с.Голема Речица, тетовско и биле лишени од слобода, А.К.(39), Д.М.(25), Н.М.(50), тројцата од Тетово и биле лишени од слобода, Ј.С.(36) с.Сенокс и бил лишен од слобода, Д.Р.(28), М.К.(28), двајцата од Битола, Ш.Р.(28), Е.А.(18) двајцата од Ресен, Б.П.(33), Р.Д.(34), З.Н.(40), В.Д.(35), сите четири од Прилеп, Е.М.(40) од с.Трновци, Могила, Д.М.(18) од Крива Паланка, Ј.А.(61) од с.Долна Крива Јабука, Кратово, В.Т.(64) од Кратово, А.С.(22) од с.Виштица, Липково, И.А.(20), Ф.Р.(31), двајцата од Куманово, Г.С.(49), А.Ѓ.(59), двајцата од с.Дражево, С.С.(55) од с.Дабиле, З.С.(54) од. с.Смолари, А.С.(34), Ц.З.(50), двајцата од Струмица, З.А.(53) од с.Добрејци, С.И.(20), С.И.(31), Б.И.(34), тројцата од с.Василево, Ф.М.(26) од с.Банско, К.Г.(25) од с.Сушица, Г.К.(41) од с.Радичево, П.Ќ.(31), М.К.(41), Љ.С.(45), В.З.(55), Х.М.(30), И.Е.(38), З.И.(44), С.Х.(28), М.А.(28), А.С.(44), С.В.(30), Б.Ш.(42),

Ј.Т.(26), М.А.(26), Б.П.(27), И.Б.(30), И.М.(23), Х.Р.(21), И.П.(35), С.С.(33), И.Н.(20), М.П.(27), З.И.(56), сите 23 од Скопје, Н.Г.(22), М.М.(38), М.Л.(44), А.Б.(26), Б.Ј.(27), Р.А.(40), А.А.(35), Ш.А.(37), Ф.М.(31), сите девет од Скопје и биле лишени од слобода, А.Д.(48) од Градско, С.М.(38) од Кавадарци, Е.Х.(63) од с.Фурка, Дојран, А.И.(62) од с.Давидово, Гевгелија, И.Г.(56) од Гевгелија, Т.Б. (46) од с.Габревци, Конче, К.А.(46) од Радовиш, М.Ј.(22) од село Супурге, Радовиш, Д.Ј.(19) од с.Дедино, Конче, Ѓ.З.(19) од с.Покрајчево, Б.Р.(62) од Битола и истиот при контрола од полициски службеници дал дозвола за движење на вработен поради вршење на сменска ноќна работа, која била издадена на друго лице со исто име и презиме и бил лишен од слобода, Б.К.(43) од Битола и истиот при контрола од страна на полициски службеници дал картичка од РЕК Битола и изјавил дека бил на работа во ноќна смена, но од дополнителните проверки во електронската евиденција за влез и излез во РЕК Битола било констатирано дека пријавениот не работел во смени, А.М.(37), Н.Б.(36), В.Р.(54), Д.Д.(47), М.Т.(53), И.М.(52), сите шест од Скопје и биле затекнати во лов на риба на акомулација „Козјак„ во атарот на с.Близанско – Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Д.А.(36) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „фалсификување службена исправа“. Пријавениот, во својство на управител на правно лице, во период на постоење Одлука за забрана и посебен режим на движење на територијата на РСМ, за себе и еден вработен издал дозвола за движење поради вршење на сменска и ноќна работа и покрај тоа што правното лице немало регистрирано ноќна работа и работа во викенд. Притоа, на 18.04.2020, при контрола од страна на полициски службеници, тие на увид ја приложиле дозволата со невистинити податоци. цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност 

Кузмановска: Ракот не погодува само еден – туку целото семејство

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола