Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 16 мај 2020 (МИА)Полициски службеници од СВР Скопје вчера околу 19 часот при вршење обиколка на место викано Осој во атар на село Чајлане, покрај карпата во каменоломот кој се наоѓа на патот кон резерватот „Јасен“ пронашле човечки череп.

Увидна екипа од СВР Скопје денеска во присуство на Јавен обвинител и лекар од Институтот за судска медицина и криминалистика извршила увид на местото на настанот, а телото било ископано, подигнато и предадено за обдукција.

На 15 мај 2020 во 19 часот било пријавено во Ресен на ул.„Борис Кидрич“, Б.П. (34) од Ресен, по куса расправија околу паркирање возило бил физички нападнат С.К. и С.И. Б.П.

Успеал да избега во неговата куќа и по кусо време неколку лица почнале да ги кршат стаклата од долниот кат на куќата, упатувајќи му закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Скопје вчера во 11.34 часот било пријавено дека настанал пожар на покривната конструкција од угостителскиот објект „Рустикана“.

Од екипи од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран. Повредени лица нема. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Б.Н.(25) од Скопје вчера во 23.15 часот  пријавил дека во село Долно Соње, во двор, бил физички нападнат од едно лице.

Се работи на расчистување на случајот.

М.Б.(34) од Скопје вчера во 18 часот  пријавил дека на ул.„Брсјачка буна“ бил физички нападнат од три непознати лица.

Се работи на расчистување на случајот.

Д.С.(62) од Скопје вчера во 15.30 часот пријавил дека на раскрсницата од ул.„Димитрие Чуповски“ со ул.„Никола Вапцаров“, по претходно недоразбирање во врска со превезување патник, бил физички нападнат од едно лице.

Се работи на расчистување на случајот.

Во СВР Тетово вчера во 15.40 часот било пријавено дека во село Вејце настанал пожар, при што гореле куќа и плевна, а поради ветрот пожарот се проширил и биле опожарени пет куќи и една плевна.

Од екипи од Територијалната противпожарна единица пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Увид се врши од увидна екипа од СВР Тетово.

П.Т. (34) од Скопје вчера во 13.30 часот пријавил дека на бул. „Србија“ бил физички нападнат од Д.Т., со кого се познавал од претходно.

Се работи на расчистување на случајот.

Од Итна медицинска помош вчера во 19 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на ул.„Стари Новакина“ пронајдена била почината Е.Б.(65).

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција.

Д.К.(44) од Скопје вчера во 10 часот  пријавил дека на ул.„Маџари“ неговиот малолетен син бил физички нападнат од А.А..

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Б.П.(31) и К.Џ.(30), двајцата од Скопје, вчера во 12.25 часот пријавиле дека на ул.„Роман Каскалиевиќ“, додека извршувале работни задачи, биле физички нападнати од две непознати лица.

Се работи на расчистување на случајот.

На 15 мај 2020 во 17.45 часот било пријавено дека во близина на Градскиот парк во Берово, по претходна вербална расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу П.Ј.(29) и М.М.(21), двајцата од Берово.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Во СВР Велес вчера во 9.45 часот  било пријавено дека на терасата од ресторан на винарија, по претходна вербална расправија, Н.Д.(36) од Охрид физички ја нападнал А.Ј.(37) од Скопје.

По кратко време било пријавено дека по претходна вербална расправија, М.Т.(46) од Скопје физички го нападнал Н.Д. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 15 мај 2020 во 18.30 часот било пријавено дека во струмичко село, додека малолетничка со нејзиниот малолетен брат се превезувале во возило со И.А.(23), во еден момент тој почнал да ја допира по телото.

Таа успеала да излезе од возилото заедно со нејзиниот брат и го напуштила местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.

Во Полициската станица Драчево вчера во 16.16 часот  било пријавено дека во село Алдинци настанал пожар, при што горела нискостеблеста шума.

Известен е Центарот за управување со кризи.

На 15 мај 2020 во 18 часот било пријавено дека во Куманово на ул.„Октомвриска револуција“ двајца малолетници биле физички нападнати од Р.Б.

Се работи на расчистување на случајот.

Б.И.(49) од Куманово вчера во 18.30 часот  пријавил дека на раскрсницата од ул.„Трета македонска ударна бригада“ со ул.„Народна револуција“ во Куманово бил физички нападнат од М.М.(25) од Куманово.

Се работи на расчистување на случајот.  хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Приведен бегалец од затвор во Тетово

ПРВИОТ СИЛЕН ЕСЕНСКИ ЦИКЛОН ДОАЃА ПО 10-ТИ СЕПТЕМВРИ?! Би можел да донесе прв сериозен пад на температурите

Драма во Вевчани: Жени се тепале во бавча