Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 12 мај 2020 (МИА) – Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ш.М.(35), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Пријавениот, во својство на управител на кафе бар, во период на вонредна состојба и одлука за забрана и посебен режим на движење на територијата на цела држава, си издал „дозвола за движење на вработен“ во која навел дека ја издава заради менаџирање на објектот, а за кој е во важност забрана за работа. На 16.04.2020 во 23.30 часот, за време на забрана за движење, на влез во село Арачиново, соопштија денеска од МВР,пријавениот бил сопрен од полициски службеници, при што на увид ја приложил лажно изработената дозвола.

На 11.05.2020 во 17.27 часот во СВР Скопје, Н.К.(53) од Скопје пријавила дека во влез од зграда на ул.„Радика“ едно лице со закана со пиштол ѝ ја одзело чантата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.05.2020 во 17.00 часот во Полициската станица Тетово, Р.Е.(24) од Тетово пријавил дека околу 16.40 часот, додека со неговиот другар Е.А.(23) од село Порој, тетовско, се движеле со патничко возило „пасат“, со тетовски регистарски ознаки, кон местото викано „Бањиче“, застанале во близина на трафостаницата за да ја смират расправијата меѓу Е.„Н“, од една страна, и Б.А. и Љ.М., од друга страна, сите од Тетово. Во тој момент Б.А. извадил огнено оружје и му упатил закани на Р.Е., додека Љ.М. извадил нож, но бил спречен во намерата од минувачи. Преземени се сите мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува и соодветен поднесок.

На 11.05.2020 околу 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Перо Наков“ бил нарушен јавниот ред и мир. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека физички биле нападнати В.Т.(50) од Скопје, комунален инспектор во град Скопје и неговиот колега М.Ѓ.(38) од с.Волково. Имено, инспекторите забележале четири лица како истовараат шут на наведената локација и ги предупредиле да не го прават тоа, по што биле нападнати, а В.Т. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.05.2020 во 18.15 часот во СВР Скопје, Р.Р.(62) од Скопје пријавил дека околу 17.50 часот на ул.„30“ во с.Трубарево, скопско, по претходна расправија, бил физички нападнат од Б.И. Сочинет е записник за костатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.

На 11.05.2020 во 17.00 часот во близина на гробиштата во с.Драчево, скопско, полициски службеници од Полициската станица Драчево забележале машко лице кое лежело на патот. Утврдено било дека станува збор за лицето Т.Б.(28) од Скопје, кое било пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош. Се работи на расчистување на случајот.

На 11.05.2020 околу 20.15 часот во СВР Скопје, Ж.Ф. од Скопје пријавила дека нејзиниот брат Д.Ф.(31) физички го нападнал нивниот татко И.Ф.(62). Д.Ф. бил приведен во Полициската станица Бит Пазар. Во просторијата во која бил сместен скокнал и успеал да скрши прозорско стакло, при што се самоповредил. Тој бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Се работи на расчистување на случајот.

На 11.05.2020 во 20.20 часот во Полициската станица Велес, М.М.(62) од Велес пријавил дека пред неговата куќа на ул.„Гемиџиска“ бил каснат од куче скитник во пределот на рацете.

МВР денеска соопшти дека поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ и „предизвикување општа опасност“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Д.Ж.(48) од струшкото село Делогожда. Тој, на 25.04.2020 година, околу 23 часот, во селото, за време на полициски час предизвикал пожар на две патнички возила.

На 11.05.2020 во 20.30 часот во СВР Скопје, А.М.(31) од с.Стајковци, скопско, пријавила дека на ул.„13“ во с.Стајковци била касната од куче скитник во пределот на левата рака.

СВР Куманово поднесе кривична пријавa против М.М.(24) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда”. На 01.04.2020 пријавениот, кој бил на издржување на затворска казна во КПУ „Кшање” во Куманово, со тврд предмет го нападнал С.С., кој исто така бил на издржување на затворска казна во затворот, нанаесувајќи му тешки телесни повреди.

На 11.05.2020 во 13.00 часот во СВР Скопје, М.И.(26) од Скопје пријавила дека на паркинг во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје била касната од куче скитник во пределот на нозете.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.Н.(55) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 27.04.2020 во семејната куќа на пријавениот на ул.„425“ во Куманово, по претходна вербална расправија со неговата ќерка, во која се вклучила и нејзината мајка Б.Н.(48) од Куманово, пријавениот упатил закани по животот на Б.Н..

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против М.Е.(23), М.Д.(23), двајцата од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 22.09.2019, полициски службеници, пред продавница во с.Калугерица, при преглед на пријавените, пронашле марихуана.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.В.(30) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 21.07.2019 на место викано „Бејтови ниви“ во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

СВР Велес поднесе кривична пријава против Ѓ.А.(22) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. На 16.12.2019 на ул.„Гоце Делчев“ пријавениот не застанал на знак за запирање и продолжил со движење со своето возило. Подоцна, бил стигнат и запрен од полициски службеници и изјавил дека се уплашил поради тоа што немал документи за возилото кое го зел од човек кој не го познавал од Скопје. Неколку дена потоа, тој приложил документација за возилото и од извршените проверки било утврдено дека бројот на шасијата се совпаѓа со бројот наведен во сообраќајната дозвола, но регистерската ознака не се совпаѓа со наведената во сообраќајната дозвола.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Џ.(49) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување на исправа“ и „измама при добивање кредит или друга погодност“ и против О.Н.(44) од с.Грешница, кичевско, со привремен престој во Швајцарија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“. Во периодот од 21.07.2014 до 05.08.2015, Р.Џ. поднел барање во управна постапка пред МВР Охрид за регистрација на патничко возило, знаејќи дека не ги исполнувал условите по член 24 од Законот за возила. Додека, О.Н. поднел барање пред Биро за метрологија за истото патничко возило, знаејќи дека возилото не е негово и нема да се регистрира на негово име, туку врши само услуга за да може Р.Џ. да го регистрира возилото, кое претходно било сопственост на лице од с.Жубрино, Осломеј.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Б. (30) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Во периодот од март до април 2020 година, пријавената преку компјутерски систем објавила содржина со која ширела ксенофобичен материјал и поттикнала омраза.

СВР Охрид, СВР Струмица и СВР Тетово поднесоа 35 кривични пријави против: Ф.В.(33) од Кичево, Ј.Ж.(45), Н.К.(62), двајцата од с.Велешта, струшко, Ќ.С.(28), Б.И.(74), Т.М.(38), З.Х.(25), Е.М.(32), И.Ј.(43), сите шестмина од Струмица, А.М.(36) од с.Старо Балдовци, струмичко, И.Ш.(52), А.Ѓ.(52), двајцата од с.Василево, струмичко, А.З.(21) од с.Штука – Босилово, Д.Ѓ.(22) од с.Иловица, струмичко, Б.С.(57) од с.Банско, струмичко, М.М.(22), Ф.И.(25), двајцата од Скопје, Т.Ф.(36), А.И.(24), З.Р.(49), С.Р.(53), четворицата од Штип, И.Г.(53) од с.Просениково, стумичко, Р.Н.(43), И.Н.(34), двајцата од с.Дабиле, струмичко, Б.К.(40) од Кочани, Џ.М.(40), З.М.(46), В.С.(65), тројцата од Радовиш, М.В.(35) од с.Ново Коњарево – Ново Село, К.Д.(42) од с.Сушево, струмичко, Ж.Ѓ.(60) од Конче, К.Т.(55) од Охрид, С.Б.(22), З.Г.(23), двајцата од с.Сенакос, гостиварско, како и С.Ј.(20) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Д.(46) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „тешка кражба“. На 29.04.2020 околу 22.00 часот, пријавениот со употреба на сила влегол во трафика на ул.„7 Септември“ во Кавадарци и одзел повеќе артикли. цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Молика стара 250 години уништена од силен ветер

Меџити тоа што не може да го блокира, го узурпира, реагира Ирена Витина

„Велибор Манев рече дека тука има закопано човек, на едно место покриено со гранки“, сведочат полицајци