Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен (ДПЛ)

Финализиран проектот за унапредување на службите за криминалистичка техника

Скопје, 22 април 2020 (МИА) – На 21.04.2020 во 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Васко Карангелевски“ во Скопје, поради недоразбирање во сообраќајот, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.К.(25) и Н.Е.(37), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Полициска станица Струмица вчера во 17.30 часот се лишени од слобода двајца малолетници, поради тоа што во 15.30 часот во стан на ул.„Ленинова“ во Струмица, од М.Л.(73) одзеле лични предмети и пари. Од страна на СВР Струмица случајот е расчистен и по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

МВР денеска соопшти дека на 21.04.2020 во 16.30 часот во СВР Скопје, Ј.З.(37) од Скопје пријавил дека околу 15.45 часот пред билетара на ЈСП на бул.„Александар Македонски“, поради претходна сообраќајна незгода, бил физички нападнат од непознато лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Р.Д.(50) од с.Зајас, кичевско, поради тоа што на 15.04.2020 во 23.00 часот, во семејна куќа на Х.И. во с.Зајас, пријавениот влегол во соба каде била Х.И. и со физичка сила и закани по нејзиниот живот, сакал да изврши обљуба врз неа.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(27) од Р.Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 03.03.2020 оштетената А.Е. пријавила дека од ноември 2019, па сѐ до денот на пријавување, пријавениот, со кого поради бракоразводна постапка не живеела заедно, во повеќе наврати преку телефон ѝ упатувал закани на неа и на нејзини роднини.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Ј.Ф.(42) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Пријавениот на 28.03.2020 во 06.51 часот, на својот профил на социјалната мрежа Facebook, споделил фотографија од автобуси кои превезувале македонски државјани пристигнати од странство и биле сместени во карантин во хотел во Битола и јавно повикал лицата, кои биле донесени и сместени во хотелот, да бидат запалени и убиени.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против И.С.(32) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари”. На 08.01.2020 во казино во Делчево пријавениот, иако знаел дека се направени лажни банкноти во апоени од по 2.000 денари со ист сериски број и бил должен да ги пријави како фалсификувани, истиот ги дал на лицето А.Д.(39) од Делчево, вработена во казиното.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.А.(19) од Штип и С.Ѓ.(19) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 14.04.2020 во близина на паркинг позади стоковна куќа во Скопје, полициски службеници при преглед на паркирано патничко возило и на пријавените кои биле во него, пронашле и одземале 1.623 грама марихуана.

СВР Велес и СВР Струмица поднесоа 27 кривични пријави против: Т.С.(45) од Велес, М.Б.(56) од с.Тремник, неготинско, А.У.(34) од с.Челевец, Демир Капија, М.А.(23) од Неготино, П.Р.(53), Р.Р.(40), М.Р.(19) тројцата од Валандово, Е.Е.(39) од с.Коџалија, радовишко, Н.У.(30) од с.Аликоч, радовишко, М.С.(55) од с.Тимјаник, неготинско, К.У.(27) од с.Конче, М.А.(53), Р.У.(26), Е.А.(28), А.Т.(23), Б.Б.(21), А.А.(55), Ф.Ј.(24), сите од Радовиш, З.Х.(41), Х.Х.(38), И.Х.(20), К.С.(27), М.К.(22), Р.К.(30), сите од Валандово, Ф.Н.(27) од с.Бучим, радовишко, В.Н.(55) од с.Подареш, радовишко, Н.В.(39) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените, во периодот од 30.03.2020 до 31.03.2020 не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење. цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути