Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР го документирала случајот со постот на Б.Т. и го информирало Обвинителството

Скопје, 14 април 2020 (МИА) – Вчера, по претходна наредба од Основен суд Куманово, од страна на СВР Куманово е извршен претрес на домот на С.К.(45), при што се пронајдени и со потврда се одземени марихуана и шест стебла канабис. По целосно расчистување на случајот, ќе следи соодветен поднесок.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.В.(40) од Р.Турција, со дозвола за престој во Р.Германија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во текот на јули 2019, истиот објавил оглас на интернет страна, во кој било наведено дека посредува за престој и работа во Р.Германија, по што оштетената С.Ќ. се заинтересирала и започнала да комуницира со пријавениот преку апликацијата „ватсап“. Убедена во точноста на информациите и понудата од страна на пријавениот, оштетената на 22.07.2019 уплатила 500 евра на име на пријавениот, преку брз трансфер на парични средства, но по уплатата не можела да дојде во контакт со пријавениот, кој се стекнал со противправна имотна корист од 500 евра.

СВР Скопје поднесе 36 кривични пријави против: Т.Ц.(22), С.З.(37), С.С.(31), К.С.(31), А.М.(21), Ј.Е.(28), Л.З.(19), С.Д.(58), Е.Е.(20), М.А.(44), И.Ј.(46), А.А.(55), И.А.(33), К.И.(33), Ш.И.(41), Р.М.(32), В.Р.(36), В.Д.(19), Х.Ш.(45), Ј.К.(46), К.Р.(30), А.К.(33), С.Р.(31), С.К.(67), Р.А.(26), Е.А.(25), Д.К.(32), К.А.(21), Д.И.(42), Б.Р.(33), Б.И.(26), А.А.(23), Б.С.(27), М.Ј.(37), сите од Скопје и Д.Д.(20) и Н.Д.(27), и двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените, во периодот од 25.03.2020 до 30.03.2020 не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.

На 13.04.2020 во 16:20 часот било пријавено дека во Македонски Брод, на место викано „Старо куќи“ во с.Црешнево, настанал пожар кој зафатил дабова шума.

На 13.04.2020 во 14:40 часот било пријавено дека под мостот на река Вардар, во населбата Хром, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу С.Р.(35) и М.Т.(32), и двајцата од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.

На 13.04.2020 во 11:15 часот било пријавено дека во с.Мирковци, скопско, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Д.К.(56) и Д.К.(33), двајцата од с.Мирковци. Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.

На 13.04.2020 во 13:50 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Ќ.Р.(32) од Скопје пријавил дека на ул.„Индира Ганди“, во пекарница каде работел, бил физички нападнат од Џ.Н. Се работи на расчистување на случајот.фф/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа