Утрински Весник
Македонија

МВР билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 14 јуни 2020 (МИА) – На улицата „Браќа Миладиновци“ во Прилеп вчера во 1:50 часот од страна на полициски службеници е пријавено дека возач на патничко возило „пежо“, со прилепски регистарски ознаки, не почитувал наредба и не застанал на покажан знак за сопирање. По ова, полициските службеници го следеле по улицата кон интернатот, каде што било поставено службено полициско возило „шевролет спарк“, со светлосен знак „стоп“, управувано од полициски службеник, а паркирано на физички одвоената лента со крстосница „Прилепски бранители“. Но, лицето кое го управувало возилото се упатило кон полицискиот службеник, со цел да го прегази, по што полицискиот службеник, избегнувајќи го ударот, отскокнала кон тротоарот и паднала. Возилото „пежо“ продолжило со движење по ул.„Прилепски бригади“ кон Варош, потоа на магистралниот пат Прилеп-Македонски Брод каде, исто така, на даден знак „стоп“ не застанало, туку со голема брзина се упатило кон друг полициски службеник, со намера да го прегази. По кратко време, возилото било стопирано на земјениот пат од Варош кон Градските гробишта, и бил лишен од слобода А.Т.(25), кој се барал по потерница за издржување на затворска казна и заедно со неговите сопатници Г.Ц. (35) и Б.Р. (28) биле приведени во Полициската станица Прилеп. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следат соодветни поднесоци.

Вчера во 20:20 часот било пријавено дека на крстосницата од улиците „Мице Козар“ и „11 Октомври“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од непознат возач, кој по незгодата го напуштил местото на незгодата и мопед „хамачи“, со прилепски регистарски ознаки, управуван од Р.Т.(43) од Прилеп. Во негодата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на расчистување на случајот.

Утрово во 2:05 часот било пријавено дека на ул.„Јужноморавски бригади“, Р.Ј.(20) од Скопје, додека спиел во помошната просторија од куќата, непознат сторител влегол внатре и извршил претурање, а откако Р.Ј. се разбудил и се обидел да го спречи сторителот, тој го нападнал со нож, нанесувајќи му повреди, и го напуштил местото на настанот. Р.Ј. бил пренесен во Градската општата болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Вчера во 19:45 часот било пријавено дека на во Скопје, на бул.„Крсте Мисирков“, по претходна расправија околу сообраќаен прекршок, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу С.С.(38), С.С.(35), Џ.С.(32), И.С.(28), сите од с.Батинци, од една страна, и Р.А.(47) од Скопје, од друга страна. Р.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. По целосното расчистување и документирање на случајот, ќе следи соодветен поднесок.

З.К.(22)  вчера во 16:55 часот пријавил дека на ул.,,Перо Наков“ во Домот „Ранка Милановиќ“ настанал пожар во подрумските простории, по што биле опожарени стари предмети и шут. Пожарот бил локализиран од страна на Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема и причинета е мала материјална штета.

И.Л.(36) од Штип вчера во 21:30 часот во СВР Штип пријавил дека неговата сестра В.М.(39) се оддалечила од нејзиниот дом. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Вчера во 21:20 часот било пријавено дека околу 20.45 часот во Струмица на ул.„Бетовенова“ бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу А.А.(49), О.А., Д.А., Н.А., Н.А., од една страна и Б.А., Џ.А., Е.А. и П.А., од друга страна. Се работи на расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

Во Полициската станица Кавадарци, утрово во 1:05 часот Б.М.(18) и И.О.(19), двајцата од Кавадарци, пријавиле дека околу 00.15 часот на место викано „Мало паркче“, кај фонтаната на ул.„Лазо Мицев“ во Кавадарци, биле физички нападнати од страна на Д.Ј. и уште неколку непознати лица. Се работи на расчистување на случајот.

Б.С. вчера во 10.20 часот во Полициската станица Кочани, пријавил дека на 12.06.2020 од домот се оддалечила мајката на неговата сопруга Б.К.(84) од с.Мородвис. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Утрово во 01.40 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Краишка“, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна преметка помеѓу К.К.(20) и П.К.(59), од една страна, и Х.Т.(33), В.С.(33) Н.Т., сите од Скопје, со уште две непознати лица, од друга страна. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Вчера во 20.02 часот било пријавено дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје двајца малолетници, на возраст од 15 и од 14 години, биле физички нападнати од неколку други малолетници. Се работи на расчистување на случајот. вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лишени од слобода две лица: Пронајден пиштол и криумчарена стока во село Побожје

Сиљановска Давкова прими претставници на Македонската алијанса за европска интеграција

Љутков: Муралот „Илинден 1903“ од Лазески е културно наследство кое ја воспева херојската борба на македонскиот народ