Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)
300x250 (7)

Скопје, 13 јуни 2020 (МИА) – На 12.06.2020 во 09:57 часот на ул.„Цветан Димов“ Р.Н.(30) од Скопје агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.13 од ЗППРЈМ.

На 12.06.2020 во 23:06 часот Ѕ.Н.(54) од Прилеп, пријавил дека во Прилеп, движејќи се по ул.„Димче Антулески”, во обработлива нива на место викано „Козле“, забележал лице кое било во пламен. Лицето се здобило со изгореници, по што било пренесено во Градската општа болница Прилеп за укажување на лекарска помош. Од полициски службеници било излезено на местото на настанот и било констатирано дека станува збор за Р.А.(39) од Прилеп. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Ss1

На 12.06.2020 во 18:22 часот било пријавено дека на ул.„Преспа“ во Кавадарци, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Д.С.(19) и 16-годишник, двајцата од Кавадарци. Се работи на расчистување на случајот.

На 12.06.2020 во 21:10 часот А.Ѓ.(61) од Тетово пријавила дека на ул.,,135‘‘ во Тетово нејзиниот 14-годишен внук, по претходна расправија со други двајца малолетници, бил физички нападнат од едниот од нив, по што и тој му возвратил. По кратко време дошол таткото на двајцата малолетници, С.А.(34) од Тетово, и физички ги нападнал 14- годишникот и неговиот другар. По целосно расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 12.06.2020 во 20:10 часот во Полициската станица Гостивар Б.С.(39) од Гостивар пријавил дека околу 18:30 часот, додека со неговиот другар Р.Р.(43) се движел со патничко возило од с.Дебреше кон Гостивар, друго возило, џип „ленд ровер“ му го попречило патот и од возилото излегле три непознати лица и физички ги нападнале со тврди предмети. Според пријавеното, причина за нападот било претходно недоразбирање околу сообраќајот. Се работи на расчистување на случајот.

Вчера 12.06.2020 во 19:40 часот во Полициската станица Кисела Вода, Н.А.(70) од Скопје пријавил дека на ул.„Живко Фирфов“ бил каснат од куче скитник.фф/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Утрото постудено, преку денот сончево со умерена облачност

Спасовски: На крвавиот 27 април не се повлековме, нема да се откажеме од Македонија ниту на 8 мај!

Мицкоски: Бранот на промени ќе ја порази оваа власт