Утрински Весник
Спорт

Мбапе пристигна во Мадрид

Француската мегаѕвезда Килијан Мбапе во друштво на соиграчот од ПСЖ, Ашраф Хакими, пристигна во Мадрид. Ова ги фрли во делириум фановите на Реал Мадрид кои се надеваат дека тој е дојден на финален договор со Флорентино Перез за склучување на соработката за преселба на „Сантијаго Бернабеу“.

Шпанските медиуми објавија фотографија како Мбапе влегува во еден од најпознатите мадридски ресторани во друштво на соиграчот од ПСЖ, Ашраф Хакими. Во текот на денот тој треба да има средба со Перез и да стави потпис на преддоговор со „кралевите“.

Соработката ќе биде официјализирана со почетокот на летниот преоден рок, а дотогаш Килијан Мбапе треба јавно да соопшти дека сепак ја одбрал опцијата да го напушти Пари Сен Жермен и да се пресели во Реал Мадрид.

> Мбапе пристигна во Мадрид <

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал