Утрински Весник
Спорт

„Мбапе на соиграчите им кажал дека останува во ПСЖ“

„Мбапе на соиграчите им кажал дека останува во ПСЖ“

Шпанска „Кадена СЕР“ утринава пласираше вест поврзана за францускиот голгетер Килијан Мбапе.

Според информациите, тој останува во ПСЖ независно од многуте шпекулации кои велат дека летово би можел да направи трансфер,

Наводите се дека директорот Леонардо им кажал на играчите дека младиот фудбалер останува на „Паркот на принцовите“, а истото тоа им го потврдил и самиот Мбапе.

Досега се пишуваше дека заминувањето на Мбапе од таборот на „светците“ е можно на два начини:

– да си оди следното лето откако му истекува договорот затоа што одбива да потпише нов

– да си оди ова лето во Реал Мадрид за огромна отштета

Поради корона кризата втората варијанта е малку веројатна, па најверојатно нема да се форсира со трансфер по секоја цена.

> „Мбапе на соиграчите им кажал дека останува во ПСЖ“ <

Можете да прочитате

Лион во нов скандал: сомнежи за фиктивни трансфери од 120 милиони евра

Уапсени 29 фудбалери во Турција поради обложување

Во Вашингтон денеска жрепка за СП 2026