Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Мајкл Џордан ужива на јахта во Сплит – си понел 25 шишиња текила (фото)

Мајкл Џордан ужива на јахта во Сплит – си понел 25 шишиња текила (фото)
Img 7972

Легендарниот НБА кошаркар Мајкл Џордан е во Сплит, Хрватска.

Иако кариерата ја заврши пред цели 18 години, неговата популарност не се намалува, а и понатаму е еден од најбогатите спортисти во светот. „Форбс“ проценува дека неговото богатство „тежи“ 2,2 милијарди американски долари.

Тој во Сплит ќе престојува на јахта за чие изнајмување се плаќа по 1 милион евра неделно.

Тој со себе понел и 25 шишиња текила, секое од нив чини по околу 4.000 долари.

Не му пречеше да ги поздрави присутните туристи кои се собраа пред тој да се качи на јахтата за да го поздрават и да направат фотографија од еден од најголемите спортисти на сите времиња.

> Мајкл Џордан ужива на јахта во Сплит – си понел 25 шишиња текила (фото) <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН