Утрински Весник
Магазин

Мајкл Китон за малку ќе ја пропуштил САГ-наградата бидејќи бил во тоалет

Мајкл Китон за малку ќе ја пропуштил САГ-наградата бидејќи бил во тоалет

Мајкл Китон бил во тоалетите кога бил прогласен за добитник на наградата на Здружението на актери Screen Actors Guild („САГ“) во неделата вечерта.

70-годишниот актер освои награда во категоријата Извонредната изведба на машки актер во телевизиски филм или лимитирана серија за улогата во Dopesick како доктор Семјуел Финикс, но ја задржа водителката Сeлма Хаек (55) да чека додека не се појави на сцената.

Актерката од „Куќата Гучи“ најави: „И наградата оди кај Мајкл Китон, Dopesick“.
Публиката чекаше неколку минути додека Китон не се појави на сцената.

Селма се пошегува: “Дали ме зафркаваш? Имам страв од сцената. Ајде Мајкл! Ајде Мајкл!”

Мајкл тогаш излезе, и рече дека причина за доцнењето е зафатениот машки тоалет.

Можете да прочитате

Од музеј во Парма украдени три слики вредни околу девет милиони евра

Италијански остров нуди 15.000 евра за преселба и месечен надоместок за деца

Зошто жените живеат пет години подолго