Утрински Весник
Економија

Машиновозачите бараат за нив да не важи ограничувањето за исплата на додатоци на плата и материјални трошоци

Машиновозачите бараат за нив да не важи ограничувањето за исплата на додатоци на плата и материјални трошоци

Скопје, 9 април 2020 (МИА) – Машинскиот персонал на Железници АД Транспорт денеска упати барање до Владата да биде изземен од одлуката за неисплаќање додатоци на плата и материјални трошоци, а  којашто беше донесена како дел од мерките за намалување на трошоците во тек на економско здравствената криза.

Душко Чакаровски, претседател на Независниот синдкат на машиновозачите, за МИА изјави дека работните обврски ги извршуваат навереме и имаат зголемен обем на работа во товарниот сообраќај

– Ова барање е затоа што сите ние своите обврски ги извршуваме навремено и тоа со зголемен обем на работа, поготово во товарниот транспорт каде што се соочуваме со голем ризик за нашето здравје и по здравјето на нашите фамилии. Работните обврски ги извршуваме кога е активна мерката за забрана за движење поради вонредната состојба во која што се наоѓаме. Ви благодариме за разбирањето и очекуваме дека барањето ќе биде прифатено, стои во барањето потпишано од Душко Чакаровски, претседател на Независниот синдикат на Машинскиот персонал. лв/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ССКМ : Потпишувањето на договорот за соработка е порака која бизнис секторот ја препознава

ССМ: Минималните месечни трошоци во ноември 65.173 денари

МФ: Нема промени во делот на наплата на ДДВ при прием на пратки од „Тему“ со измените на Законот за ДДВ