Утрински Весник
Свет

Масовни тестирања и нови мерки поради коронавирусот во Кина

Масовни тестирања и нови мерки поради коронавирусот во Кина

Властите во јужниот кинески град Гуангжу од денеска воведоа нови ограничувања на деловните и социјалните активности, во обид да го запрат ширењето на нови случаи на Ковид-19.

Градските власти наредија сите жители на трите области да бидат тестирани за коронавирус, а рестораните, спортските сали, базените и другите места за јавно собирање според наредбата треба да престанат да работат.

Десетина метро станици низ градот се затворени, а најблискиот аеродром во Шенжен бара жителите на Гуангжу и од блискиот Фошан да покажат негативен тест за Ковид-19 пред патувањето.

Кина денеска пријави 24 нови случаи на заразени со коронавирус, од кои 11 се локални случаи додека останатите се увезени од странство.

Според податоците на Државната здравствена комисија нема смртни случаи.

Официјалниот број на смртни случаи во Кина од Ковид-19 е 4.636 лица, а вкупно 91.218 случаи се потврдени до 4 јуни.

Можете да прочитате

Трамп: ЦИА ми кажа дека врховниот лидер на Иран е геј

Девојка од Шпанија – жртва на групно силување во детството, ќе биде доброволно евтаназирана

Трамп откри каков подарок му дал Иран