Утрински Весник
Македонија

Марјанчо Николов за Велес, Сугарески во Прилеп кандидати на СДСМ

1db4c741 33c2 4836 b938 d7f3201a5e07 960x841

Дел од имињата на кандидатите за градоначалници на СДСМ официјално ќе останат непознати и по вечерашните состаноци на партискиот врв.

24 инфо од извори во партијата неофицијално дознава дека се поминати Марјанчо Николов за кандидат за градоначалник на општина Велес и Горан Сугаревски за градоначалник на Прилеп.

Иако беше најавено дека целата листа ќе се заокружи вечерва, лидерот на партијата уште пред два дена најавил дека за некои важни позиции ќе му треба повеќе време.

Отворени се прашањата за тоа кој би можел да биде кандидат за градоначалник на СДСМ на пример во Куманово, Дебарца, Битола.

Познато дека во трката за Град Скопје повторно ќе биде актуелниот градоначалник Петре Шилегов, за Охрид кандидат ќе биде Костадин Ѓорѓиевски, Перо Костадинов- Валандово, Велимир Смилевски – Бутел, Филип Темелковски – Кисела Вода, Миликие Халими за Арачиново, Благојчо Шапов за Богданци, Зоран Зимбаков за Босилово, Маријан Јанев за Василево, Сашо Јанквоски за Вевчани, Ивица Димитров за Виница, Роберт Бешовски за Градско, Горан Трајковски за Делчево, Лазе Петров за Демир Капија, Анго Ангов за Дојран, Борче Гиевски за Зелениково, Јордан Насев за Карбинци, Благојчо Илиев за Конче, Томе Христовски за Крушево, Аце Велковски за Лозово, Медад Куртовски за Маврово-Ростуше, Љубе Кузмановски за Новаци, Елизабета Зелениковска за Петровец, Славчо Пандурски за Пехчево, Драган Анастасов за Пробиштип, Живко Гошаревски за Ресен, Стојан Николов за Росоман, Жаклина Јовановска за Старо Нагоричане, Горан Стојановски за Чашка и Сашко Николов за Штип, за Неготино – Тони Делков, Гази Баба – Борче Георгиевски, Могила – Јасмина Гулевска, Берово – Звонко Пекевски, Ранковце – Даниел Крстевски.

Можете да прочитате

ЦУК: Пожарот кај Чучер надвор од контрола, нов пожар во Кучевиште во близина на куќи

Огнот беснее на повеќе локации: Осум активни пожари во земјата до 18 часот

Ангелов смирува: Нема опасност за куќите во Чучер