Утрински Весник
Спорт

Мартинез ќе ја предводи Белгија и на Мундијалот во Катар

Мартинез ќе ја предводи Белгија и на Мундијалот во Катар

Белгија не успа да направи значаен резултат на Европското првенство. Белгијците, победија во првите четири натпревари, но во четврт-финалето беа запрени од Италија. Белгија на ЕП настапи со големи амбиции, не успеа да ја оствари целта, но во националниот сојуз не се незадоволни.

Белгијците потврдија дека Роберто Мартинез ќе остане на селекторската функција. Сигурно е дека Шпанецот ќе ја предводи Белгија на Светското првенство во Катар.

Извршниот директор на репрезентацијата, Петер Босар, рекол дека ги започнале плановите за Мундијалот во Катар.

„Денес ги започнуваме подготовките за квалификациите во септември и октомври. Таму ќе не води Роберто Мартинез. Нема причина да се менува стручниот штаб“.

Катар, ќе биде последната шанса за оваа белгијска генерација, да дојде до трофеј на големите натпреварувања. Досега најдобриот резултат на Белгија, под водство на Мартинез е третото место на Мундијалот во 2018 година.

> Мартинез ќе ја предводи Белгија и на Мундијалот во Катар <

Можете да прочитате

Барди и Коњаспор остана без трофеј во Купот на Турција

ФИФА планира Мундијал со 66 репрезентации

Билети за натпреварот Босна и Херцеговина – Македонија достапни преку платформата на ФФМ