Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Мартинез го продолжи договорот со репрезентацијата на Белгија до 2022 година

Мартинез го продолжи договорот со репрезентацијата на Белгија до 2022 година
300x250 opst2

Брисел, 20 мај 2020 (МИА) – Шпанскиот фудбалски стручњак, Роберто Мартинез ќе продолжи да ја тренира репрезентацијата на Белгија. Четириесетгодишниот Шпанец и раководството на  Белгиска фудбалска асоцијација денес го продолжија договорот до 2022 година.

Претходно беше прецизирано дека договорот ќе важи до крајот на Светското првенство 2022 година во Катар.

Мартинез е тренер на репрезентацијата на Белгија од 2016 година. На СП 2018, тимот под негово водство стигна до бронзен медал.

Белгијците најавија проширување на соработката со Мартинез со видео на кое капитенот на тимот, Еден Азар игра ФИФА на плејстејшен. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг