Утрински Весник
Спорт

Марсијал со „хет трик“, Јунајтед победи со 3:0

Солскјер: Марсијал ќе продолжи да напредува

Манчестер, 24 јуни 2020 (МИА) – Ентони Марсијал постигна „хет-трик“, а Манчестер Јунајтед го совлада Шефилд Јунајтед со 3:0 во натпревар од 31. коло од Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ веќе на 13 последователни натпревари немаат пораз, и продолжуваат да бркаат место во Топ 4 и веќе имаат 49 бода.

За гостинскиот тим, ова е втор последователен тежок пораз и трет последователен натпревар по обновувањето на првенството, во кој не успеаја да постигнат гол.

Тие остануваат со 44 поени во горната половина од табелата.

Резултати од Премиер лига:

Јунајтед – Шефилд 3:0
Њукасл – Астон Вила 1:1
Норвич – Евертон 0:1
Вулверхемптон – Борнемут 1:0

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

САД не одобрија визи за дел од стручниот штаб на Иран пред СП

ФИФА воведува големи промени при интонирањето химни на СП 2026

Јамал фудбалер на сезоната во Ла Лига