Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ се договори со Реал Мадрид за продолжување на соработката уште една година, откако актуелниот договор му истекува за 5 месеци. Шпанска „Марка“ пишува дека на Серхио Рамос не му успеало она што му успеа на Хрватот.
Најтиражниот шпански весник пишува дека Реал поради долготрајноста на корона-кризата и поучен од финансиската ситуација во лутиот ривал Барселона максимално ги поедноставил преговорите дури и со Лукас Васкез, уште еден од играчите на кои им истекува договорот.
Тоа одбивање да се комплицираат преговорите со наведените играчи се видело и во тоа што клубот дал ултиматум по начелото „земи или остави“. Во Кралскиот клуб се убедени дека сега е најважно да останат финансиски стабилни и да ги намалат трошоците. Се е подредено на тоа, нема сентименталност и галантност, дури ни кон најзаслуните фудбалери.
„Водството на Реал предводено од претседателот Флоретино Перез очајнички се обидува да го одржи Реал `над вода` и во овие ужасно тешки времиња сакаа Рамос и Васкез да ја продолжат соработката со клубот. Им понудија нови договори, тие ги одбија, сега се слободни да преговараат со други клубови. За разлика од нив, Модриќ прифати намалување на платата“ пишува весникот.
> „Марка“: Модриќ прифатил намалена плата во Реал, Рамос и Васкез не! <