Утрински Весник
Спорт

Марка: Донарума и Нејмар „разговарале“ со тупаници

Марка: Донарума и Нејмар „разговарале“ со тупаници
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тензично било во соблекувалната на ПСЖ, откако испаднаа од Рела, во осмина-финалето во Лигата на шампионите. ПСЖ имаа предност од 1:0 од првиот натпревар и водство во Мадрид до 61.минута, потоа необјасниво дозволија противникот (Бензема) да постигне три гола за само 17 минути.

Првиот гол Реал го постигна по грешката на Донарума. Имало фаул или не, голманот предолго ја држеше топката во своите нозе.

Марка, тврди, дека во соблекувалната се степале Донамура и Нејмар.

Нејмар го критикувал голманот за грешката што ја направил. Донарума потоа ја посочил грешката на Нејмар (загубена топка), по која Модриќ повлече контра и Реал го постигна вториот гол.

„Тензиите пораснаа, расправата ескалираше. Паднале и неколку удари, потоа се вмешале соиграчите и ја прекинале тепачката“, пишува Марка.

Ова е единствениот инцидент што го предизвикаа „светците“ на стадионот на Реал. Водечките шпански медиуми, тврдат дека првиот човек на ПСЖ, Ал-Келаифи, сакал да се пресмета со судиите, но по грешка влегол во соблекувалната на делегатот, каде кршел столчиња.

> Марка: Донарума и Нејмар „разговарале“ со тупаници <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028

Џошуа повреден во сообраќајна несреќа со смртни последици

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов