Утрински Весник
Спорт

„Марка“: Гвардиола се сели во Њујорк!

„Марка“: Гвардиола се сели во Њујорк!

Шпанска „Марка“ пишува дека стратегот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола би можело да го преземе кормилото на тимот на Њујорк, во МЛС лигата во САД.

Шпанскиот медиуми пишува дека Гвардиола се подготвува за напуштање и на Премиерлигата, но и на континентот

„Имав среќа од прва рака да видам колку луѓето во Њујорк го сакаат фудбалот. Тоа е град кој навистина ми се допаѓа, а со години зборувам дека пред американскиот фудбал има светла иднина“ рече Шпанецот.

Тоа дополнително ги подгреа шпекулациите дека наскоро би можело да стане тренер во Њујорк, клуб кој може да се нарече филијала на Манчестер Сити.

Тренерската кариера на Гвардиола беше во Барселона, Баерн Минхен и Манчестер Сити, а често споенува дека во Европа нема клуб кој му е предизвик.

> „Марка“: Гвардиола се сели во Њујорк! <

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал