Утрински Весник
Македонија

„Маркарт“ донира 2.400 заштитни маски за велешкиот ЈЗУ„ Здравен дом“

„Маркарт“ донира  2.400 заштитни маски за  велешкиот ЈЗУ„ Здравен дом“
300x250 (7)

Велес, 9 април 2020 (МИА) – На ЈЗУ Здравен дом попладнево беше врачена донација од 2.400 заштитни маски од германската компанија „Маркарт Македонија“.

Никола Димовски, директор на ЈЗУ Здравен дом при примањето на донацијата искажа благодарност до донаторот тимот на  „Маркарт“ и генералниот директор Волфганг Ајхер за искажаната хуманост.

Ss1

– Донациите од општествено одговорните компании за здравствените работници се многу значајни за заштитата на здравствените работници кои се на првата линија во борбата со Ковид-19, и затоа им искажуваме голема благодарност за нивната хуманост, потенцира Димовски.

Инаку, ЈЗУ Здравен дом неодамна доби 260 платнени повеќенаменски  заштитни маски изработени од  две жени волонтерки шивачки со материјал од  неколку индивидуални донатори, а  во соработка и координација со Фондација „Фокус“ од Велес

Пред десеттина дена, оваа јавна здравствена  установа доби и донација од 500 заштитни визири од компанијата „Ронтис“.
Освен на оваа здравствена установа, визирите  беа поделени и на останатите три јавни здраствени установи: како Општа болница Центар за јавно здравје и Болница „Јасеново“.ад/фф/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Дали знаете зошто го празнуваме Први мај?

Битиќи и кандидатите од ИЕ2: Со повисоки плати правично го вреднуваме трудот на работниците

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот