Утрински Весник
Свет

Марија Захарова: Ќе и одговориме на Полска ако ни бидат протерани дипломатите

Марија Захарова: Ќе и одговориме на Полска ако ни бидат протерани дипломатите

Русија ќе одговори на адекватен начин доколку од Полска бидат протерани околу 40 руски дипломати, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пренесува РИА Новости.

Претходно, портпаролот на координаторот на полските разузнавачки служби Станислав Зарин изјави дека полската агенција за внатрешна безбедност подготвила список од 45 руски дипломати осомничени за шпионажа и побарала нивно протерување од земјата.

Рускиот амбасадор е поканет на разговор во полското Министерство за надворешни работи, соопшти руската амбасада во Варшава.

Можете да прочитате

Трамп: Ако има договор, сами ќе го земеме збогатениот ураниум

Здружение од странски компании во Украина обработуваат 275.000 хектари земја

Ужас во Колумбија: Се урна воен авион, имало 110 војници!