Утрински Весник
Свет

Марија Захарова: Лажни наводи на „Билд“ за патувањето на Лавров во Пекинг

Марија Захарова: Лажни наводи на „Билд“ за патувањето на Лавров во Пекинг

Марија Захарова изјави дека се лага наводите на „Билд“ дека шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров се вратил во Москва на половина пат до Пекинг.

„Германскиот весник „Билд“ пласира лажни вести, пишувајќи дека „Лавров синоќа долета за Пекинг, но претседателот му нареди на министерот да се врати“, напиша на телеграм портпаролката на руското Министерство за надворешни работи.

Како што објасни таа, во написот се тврди и дека авионот со Лавров наводно го прелетал Новосибирск и слетал на аеродромот Внуково.

Лавров во Министерството работеше до доцна синоќа, а рано утринава почна да се подготвува за преговори со колегите од Блискиот Исток во Москва, додаде Захарова.

Можете да прочитате

Зеленски го потврди тридневното примирје со Русија и размената на 1.000 затвореници

Рубио: Очекувам Иран да достави сериозен предлог за прекин на огнот

САД ги објавија првите тајни документи за НЛО