Утрински Весник
Македонија

Маричиќ-Ќучук: Двете страни имаат волја за брз напредок во соработката помеѓу двете земји

Маричиќ-Ќучук: Двете страни имаат волја за брз напредок во соработката помеѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ се сретна со бугарскиот европратеник и известувач за Северна Македонија, Илхан Ќучук, на која беше разговарано за новиот пристап и насоката во која ќе тече дијалогот помеѓу двете земји.

„ Во пријатна атмосфера на меѓусебно уважување разговаравме со бугарскиот европратеник и известувач за Северна Македонија, Илхан Ќучук, и потврдивме дека двете страни имаат волја за брз напредок во соработката и давање нова вредност на односите помеѓу двете држави. Новиот пристап на двете земји за враќање на дијалогот на вистинскиот пат ќе придонесе кон зајакнување на довербата и заживување на добрите односи помеѓу граѓаните, што е наша обврска и должност како политичари. Убеден сум дека со ова темпо ќе продолжат разговорите помеѓу двете земји, во духот на добрососедските односи и европските вредности” – напиша Маричиќ на својот профил на Фејсбук.

Денешната средба на вицепремиерот за европски прашања Маричиќ и европратеникот Ќучук е во рамки на билатералната конференција „БГМК 2030“: Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво, на која учествуваа и двајцата.

Можете да прочитате

Објектите на приклучок на парно ќе мора да имаат инсталација за греење

Израел ќе учествува на Евровизија 2026

Како всушност функционира системот „Безбеден град“, што ќе се казнува и како ќе се казнуваат странски државјани