Утрински Весник
Македонија

Маричиќ – Јурова: Дигитализацијата на правосудството потребна како никогаш досега

Маричиќ – Јурова: Дигитализацијата на правосудството потребна како никогаш досега
Dik 300x250 mk

Министерот за правда Бојан Маричиќ утрово оствари онлајн средба со еврокомесарката за вредности и транспарентност Вера Јурова, на која дискутираше за клучните реформи во областа правда.
За време на разговорот, Маричиќ ги претстави превземените и планираните реформи во својот ресор и искажа надеж дека преговарачката рамка ќе биде усвоена во наредните неколку денови и дека во декември ќе ја имаме Првата меѓувладина конференција и почеток на преговорите со Европскта Унија.

Маричиќ воедно истакна дека е во интензивна комуникација со сите релевантни чинители од правосудството во дефинирањето на приоритетите и обезбедување на нивното учество во клучните реформи во областа правда, а дека засега тој процес се одвива добро, а и има позитивни повратни реакции. Министерот посебно потенцираше дека вклученоста на ЕУ во процесите во правда е од суштинско значење и ќе овозможат дополнителна вредност и кредибилност на реформите во правосудството.

Поради пандемијата, Маричиќ истакна и дека дигитализацијата на судството и обвинителството за ефикасно и ефективно постапување по предметите е потребна како никогаш досега, а дека поддршката од ЕУ за осовременување на правосудството ќе биде вистински катализатор на дигитализацијата, се со цел поефикасни судски процеси.

Еврокомесарката Јурова кажа Европската комисија е подготвена да помогне советодавно и финансиски за проекти кои се во насока на подобрување на транспарентноста и ефикасноста на правосудниот систем.

Дополнително таа изрази надеж дека кога ќе се создадат услови, имајќи ја предвид глобалната пандемија, ќе ја посети Северна Македонија и лично ќе се сретне со министерот Маричиќ со цел да се забрза соработката во областа на правосудството.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмногу дожд во Крушево, најмалку во Гевгелија

Евроамбасадорот Рокас во Собранието ќе го презентира Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија

Давкова за изјавата на Фон дер Лајен: На средбата кај мене не стана збор ниту за топка, ниту за двор