Утрински Весник
Македонија

Маричиќ-Јовески: Кадровско зајакнување на Јавното обвинителство за поефикасна борба против корупцијата

Маричиќ-Јовески: Кадровско зајакнување на Јавното обвинителство за поефикасна борба против корупцијата

Законот за Јавното обвинителство и Законот за Советот на јавните обвинители беа главната тема на дискусија на денешната прва средба помеѓу министерот за правда Бојан Маричиќ и јавниот обвинител Љубомир Јовески.

На состанокот се разговараше за потребите на Јавното обвинителство и зајакнување на кадровските капацитети што би довело до подобрување на ефикасноста во постапувањето по предметите.

Министерот Маричиќ истакна дека придобивките од новиот Закон за Јавното обвинителство се веќе видливи, алудирајќи на започнатата постапка за избор на пет нови обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Министерот Маричиќ потенцираше дека кадровското зајакнување со стручни соработници за секој јавен обвинител ќе биде вистински ветар во грб и ќе овозможи поефикасна борба против корупцијата, како еден од најгорливите проблеми на нашето општество и истакна дека очекува беспоштедна борба против криминалот и корупцијата.

Воедно, тема на разговор беше и донесувањето на подзаконските акти кои произлегуваат од Законот за Јавното обвинителство, а кои се однесуваат на постапката и критериумите за оценување на обвинителите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Манев: „Носиме маски, нема да не познае, да ја пуштиме“, откако виделе дека Вања е девојче, а не жена

ДУИ: Осуда за дискриминаторските практики при вработувањето во ЦУК

За упис на средношколци во дуалното образование 269 дуални паралелки и 6.725 слободни места