Утрински Весник
Македонија

Маричиќ – Трпески: Зајакната соработка за теоретско и практично знаење е од интерес на евроинтеграцискиот процес

Денес во просториите на Секретаријатот за европски прашања беше потпишан нов Меморандум за соработка помеѓу Секретаријатот и Економскиот факултет во Скопје, од страна на заменик претседателот на Владата, Бојан Маричиќ и деканот на економскиот факултет, проф. д-р Предраг Трпески.

– Ме радува што двете институции препознавме можност за партнерство. Целта е подобрување на соработката меѓу двете страни во приближувањето на земјава кон ЕУ, јакнењето на административните и институционалните капацитети низ различни облици на соработка во процесот на европската интеграција, истакна вицепремиерот Маричиќ.

Маричиќ и Трпески сметаат дека е исклучително важно да се посвети внимание на прашањата поврзани со Европската Унија, како и дека европските програми треба да се повеќе вклучени во наставните програми.

Според нив, зајакната соработка за теоретско и практично знаење помеѓу двете институции е од интерес за евроинтеграцискиот процес.

Двајцата изразија очекување дека оваа соработка ќе поттикне наредниот период на студентската популација да ѝ се посвети посебно внимание преку создавање можности за нивно информирање, едукација и подготовка за преговарачкиот процес и за спроведувањето на истиот.

Воедно, беше најавена и соработка во рамки на центрите за обука на Секретаријатот за европски прашања и Тренинг центарот за европска интеграција при Економскиот факултет во Скопје.

Овој меморандум претставува континуитет на соработката на Секретаријатот со високообразовните и научните институции во земјава и странство во областа на европските интеграции.​

Можете да прочитате

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

За 14 години, Македонија изгубила 11,4 отсто од населението, тврди Евростат