Утрински Весник
Македонија

Маричиќ – Тимоние: Франција е силен поддржувач за брз почеток на преговорите со ЕУ

Маричиќ – Тимоние: Франција е силен поддржувач за брз почеток на преговорите со ЕУ

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, оствари средба со францускиот амбасадор, Кристиан Тимоние, кој е во заминување,

Маричиќ му се заблагодари за посветеноста и личното учество во постигнувањето на најдобриот можен исход на реформскиот пат на Република Северна Македонија.

Маричиќ потенцираше дека Франција како голем пријател на Северна Македонија покажува силна поддршка за нашите аспирации за брз почеток на преговорите со ЕУ, но и дека е значаен поддржувач на реформските процеси за изградба на систем на владеење на правото, како и за унапредувањето и заштитата на човековите права.

Изразувајќи очекување за продлабочување на соработката, Маричиќ истакна дека земјата се наоѓа во исклучително важен период непосредно пред одржувањето на првата меѓувладина конференција и официјалниот почеток на преговорите меѓу Северна Македонија и ЕУ, период во кој интензивирано ќе се посвети на реформите во делот на владеењето на правото.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Амбасадата на САД во Скопје одбележани 250 години од американската независност

Зулфикар Зејнулах предложен за министер од ТДП 

Возач од Тетово уапсен: Возел 177 км/ч на делница со ограничување од 80 км/ч