Утрински Весник
Македонија

Маричиќ – Река: Интензивирање на билатералната соработка од клучно значење во претстојниот период

Маричиќ – Река: Интензивирање на билатералната соработка од клучно значење во претстојниот период
Dik 300x250 mk

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ се сретна со амбасадорот на Република Албанија во земјава, Н.Е. Фатос Река.

Вицепремиерот Маричиќ и Река разговараа за можното заедничко отпочнување на пристапните преговори со Унијата, со што двете соседски земји ќе имаат можност да остварат и потесна соработка за размена на искуства и заемна поддршка во целокупниот процес на преговори со ЕУ. Амбасадорот Река ја потврди поддршката од страна на Албанија за надминување на отворените прашања со соседна Бугарија со цел забрзување а процесот.

На средбата беше истакнато значењето на тековните иницијативи во кои заедно учествуваат Северна Македонија и Албанија, односно Отворен Балкан и паралелно и Берлинскиот процес. Вицепремиерот Маричиќ и амбасадорот Река посочија дека интензивирањето на билатералната соработка и на политичко и на економско ниво е од клучно значење во претстојниот период. Воедно ги поздравија иницијативите за реализација на заеднички инфраструктурни проекти чие спроведување ќе придонесе во приближувањето на земјите, односно скратување на времето на патување и олеснување на трговската размена, како во рамки на проектите за прекугранична соработка со европска поддршка, така и со заеднички проекти помеѓу двете влади.

Можете да прочитате

Хаким Рамадани си прави митинг во Челопек за време на изборен молк (ВИДЕО)

ДИК: Гласањето на болните и немоќните лица помина без неправилности, резултатите ќе се објават утре

Додека преземал службени дејствија жител на Велешта нападнал полициски службеник