Утрински Весник
Македонија

Маричиќ не поддржува бирање државен јавен обвинител со политички договор

(Видео) Новиот министер за правда најави ветинг во судството
Dik 300x250 mk

Не веруваме дека е добар начин на избор на обвинител со политички договор меѓу партиите, рече министерот за правда, Бојан Маричиќ, одговарајќи на новинарско прашање за барањето на ВМРО-ДПМНЕ државниот јавен обвинител да биде предложен од нивната партија.

„ Имавме едно искуство пред неколку години со СЈО, што потоа опозицијата го критикуваше“, рече Маричиќ.

Тој појасни дека изборот на државен јавен обвинител е уставна категорија и за да се промени, потребна е промена на Уставот.

„ Не верувам дека во овој момент тоа е приоритет. Имаме добар државен јавен обвинител, мислам дека тој може да си ја заврши задачата законски предвидена и без промена на Уставот и без промена на државниот јавен обвинител“, рече Маричиќ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ДКСК со повеќе изборни пријави – дел проследени до ЈО, дел затворени без прекршувања

МВР приведе лажен поп – мамел луѓе во тага на гробиштата во Ѓорче Петров и Волково

Мисајловски: Македонија во црвено – историска победа и голема одговорност за ВМРО-ДПМНЕ