Утрински Весник
Спорт

Марио Гомез ја заврши кариерата

Марио Гомез ја заврши кариерата

Штутгарт, 28 јуни 2020 (МИА) – Фудбалерот на Штутгарт, Марио Гомез ја заврши кариерата. Ова го објави прес-службата на германскиот клуб.

Оваа сезона, 34-годишниот напаѓач, заедно со Штутгарт, влегоа во Бундеслигата. Гомез денес го постигна единствениот гол за домаќините во поразот од Дармштад (1:3) на последниот натпревар од сезоната.

Гомез, заедно со германската репрезентација, стигна до бронзен медалист на СП 2010 година. Фудбалерот трипати стана шампион на Бундеслигата – еднаш со Штутгарт (2006/07) и двапати со Баерн (2009/10, 2012/13). Напаѓачот двапати го освои Купот на земјата со тимот од Минхен (2009/10, 2012/13) и еднаш ја освои Лигата на шампионите (2012/13). зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство