Утрински Весник
Македонија

Марин: Општина Аеродром нема да потроши ни денар буџетски средства за набавка на нови мобилни телефони

Марин: Општина Аеродром нема да потроши ни денар буџетски средства за набавка на нови мобилни телефони

Градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин преку соопштение ги демантира гласините за набавка на мобилни телефони со буџетски пари, што се појавија во некои медиуми. Тој вели дека одлуката којашто е проследена во написите е составен дел на Упатството за користење службени мобилни телефони во Општината и е изгласана на седница на Советот од страна на сите 27 советници.

„ Станува збор за определување на максимална висина на бенефиции што ќе можат да ги искористат вработените и советниците во иднина, а претставуваат право на Општина Аеродром согласно со Договорот за користење мобилни услуги со компанијата Македонски телеком во времетрање од 24 месеци.

Во тој контекст нагласувам дека Општина Аеродром нема да потроши ни денар буџетски средства за набавка на нови мобилни телефонски апарати, односно станува збор за субвенција по основ на претплатничка линија. Дополнително ја информирам јавноста дека со бенефициите што ги има добиено Општина Аеродром врз основа на ваквиот Договор, за првпат во државата е овозможено јавно и транспарентно да бидат споделени во рамките на општинската администрација.

Договорот со мобилниот оператор е јавно достапен на системот за е-јавни набавки и секој може да се увери во максималниот ефект којшто Општина Аеродром го има добиено при спроведување на јавната набавка за мобилни услуги“ се вели во демантот.

Можете да прочитате

Ковачевски: Минимална плата од 600 евра и само 7% невработеност до 2028 година

Османи: Вашиот глас е инвестиција за иднината

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ