Утрински Весник
Магазин

Мараја Кери ќе објави детска книга „Божикната принцеза“

Мараја Кери ќе објави детска книга „Божикната принцеза“
Dik 300x250 mk

Мараја Кери ќе ја издаде својата прва детска книга со наслов „Божикната принцеза“.

52-годишната музичка ѕвезда, која честопати ја нарекуваат Кралица на Божиќ благодарение на безвременскиот мега-хит All I Want For Christmas Is You, навести дека ќе објави книга со бајки подоцна оваа година.

Покрај корицата со мини Мараја, таа на Инстаграм напиша: „Божиќната принцеза е бајка за љубителите на празниците од сите возрасти! Малата Мараја го претставува моето внатрешно дете кое верува во сопствената визија, таа ги претставува сите деца, особено оние кои се чувствуваат како аутсајдери или ‘други“, и кои се стремат да веруваат во себе.“

„Беше охрабрувачко да ги трансформирам немиритие од моето детство во модерна класична бајка полна со чуда и безгранична надеж“.

Приказната ја напиша заедно со Михаела Анџела Дејвис, со која Мараја се здружи за своите мемоари од 2020 година The Meaning Of Mariah Carey.

Детската книга содржи илустрации на Фуџи Такаши, а ќе биде објавена преку „Хенри Холт Книги за млади читатели“ наесен.

Можете да прочитате

Ретроградниот Меркур веќе ги покоси овие 4 знаци: Штом ќе започне хаосот и конфликтот, треба да го направите следново

Самоубиство на млада Тикток ѕвезда ја потресе јавноста: Почина Еман Атиенза 

Комарци првпат забележани на Исланд