Утрински Весник
Спорт

Марадона го продолжи договорот со Гимназија

Марадона го продолжи договорот со Гимназија

Ла Плата, 3 јуни 2020 (МИА) – Фудбалската легенда Диего Армандо Марадона го продолжи договорот како главен тренер на Гимназија, објави аргентинскиот клуб.

Новиот договор на 59-годишниот Марадона е до декември 2021 година.

Аргентинската легенда го предводеше тимот од септември минатата година.

Под негово водство Гимназија има 7 победи, 5 нерешени и 8 порази.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Натпреварот Вардар – Башкими заврши со тензии

ПМФЛ: Вардар го пречекува Башкими, Струга му гостува на Пелистер

Турскиот Самсунспор славеше против Шкендија во Скопје