Утрински Весник
Македонија

МАН: Претседателот на СДСМ да им се извини на новинарите

(Видео) Заев: Го бараме вашиот глас за да продолжиме напред уште побрзо

Македонската асоцијација на новинари (МАН) најостро го осудува јавниот настап на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој, како што велат, на прес конференција етикетираше новинари со што повторно се обиде да изврши притисок врз медиумите кои не се под контрола на власта.

„ МАН бара претседателот на СДСМ веднаш да им се извини на новинарите и уредниците кои вчера беа предмет на притисок и етикетирања. Доколку претседателот на СДСМ не се извини, МАН ќе ја стави на разгледување иницијативата поднесена од членовите за 30 дневен бојкот на активностите на Зоран Заев.

Истовремено, да потсетиме дека во времето на владеењето на СДСМ, што е хибриден режим според класификацијата на Фридом хаус и Економист, политичкиот притисок врз независните новинари се одвива преку правосудните органи. Па така, досега донесени се две осудителни пресуди по обвиненија за новинари, покренати се 5 кривични обвиненија, има триесетина граѓански пријави и закани за правосуден прогон од СДСМ и функционери на партијата, сменети се 4 главни уредници на приватни медиуми по нарачка од власта, а членови и симпатизери на СДСМ, вршат и закани за физичко насилство врз независните новинари и медиуми.

Сите овие примери во изминатите години придонесоа да се покачи просекот на неслобода на медиумите, а заедно со годинава, изнесува 61% правосуден притисок. Да потсетиме европскиот просек сеуште е околу 23%.

За овие, како и за сите други притисоци врз медиумите и новинарите, МАН редовно ги известува ЕФЈ и ИФЈ, како и странските преставници во земјава“ се вели во реакцијата на МАН.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Николоски: Се надевам во новиот бран на оптимизам за проширување дека неколку поголеми и помоќни земји на ЕУ ќе се согласат и ќе извршат притисок врз Бугарија да не нè блокира

Николоски: Кога бевме опозиција отворив толку корупциски случаи, не може ова правосудство да не може да процесуира ништо

Битиќи: Власта ја ограничува мобилноста на граѓаните со високи трошоци за зелен картон