Утрински Весник
Спорт

Манчестер јунајтед си ги бараат парите – Интер за Лукаку платиле само 24 милиони евра

Манчестер јунајтед си ги бараат парите – Интер за Лукаку платиле само 24 милиони евра

Интер се наоѓа во тешка финансиска ситуација. Дека тоа е така покажува и информацијата која ја објави „Ил Кориере“, дека клубот од Милано, за трансферот на Ромелу Лукаку досега на Манчестер јунајтед им платил само 24 милиони евра.

Ромелу Лукаку, во летниот преоден рок во 2019 година, од Манчестер јунајтед се пресели во Интер. Клубовите се договорија Интер да плати 74 милиони евра за белгискиот напаѓач.

Две години подоцна, во Јунајтед откриле дека Интер досега им платиле само 24 милиони евра.

На „Олд Трафорд“, имаат план како да го наплатат долгот. Ед Вудворд, спортскиот директор, побарал Интер да им го испрати Милан Шкринијар или пак Лаутаро Мартинез за да го покрие долгот.

Интер наскоро ќе се огласи во јавноста по ова барање од Манчестер.

Инаку, Ромелу Лукаку, игра во неверојатна форма во Интер. За 18 месеци одиграл 82 натпревари, постигнал 58 голови и забележал 12 асистенции.

> Манчестер јунајтед си ги бараат парите – Интер за Лукаку платиле само 24 милиони евра <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026

Шкендија со минимална победа над Арсими останува во трката за титулата