Утрински Весник
Спорт

Манчестер сити првпат со поголем приход од Манчестер јунајтед

Манчестер сити првпат со поголем приход од Манчестер јунајтед

Шампионите од Премиерлигата, Манчестер сити во средата го објавија финансискиот извештај со кој потврдија дека минатата сезона направиле профит и покрај влијанието на пандемијата на КОВИД-19 на сите професионални клубови.

Сити ги зголемиле приходите за 19 отсто за да внесат 569.8 милиони фунти, од кои 2.4 милиони фунти биле чист профит. Во 2019/20, клубот загубил 126 милиони фунти поради прекинот на фудбалот во Англија.

Според финансиската институција „КПМГ“, пак, Сити се единствените шампион во најдобрите осум европски лиги кои имаат раст во приходите и кои успеале да ги вратат приходите на повисоко ниво од ерата пред КОВИД во 2018/19. Со овие приходи, Манчестер сити првпат во историјата имаат поголеми приходи од своите градски ривали, Манчестер јунајтед.

> Манчестер сити првпат со поголем приход од Манчестер јунајтед <

Можете да прочитате

Нови шест натпревари на Мундијалот

РК Вардар во четвртиот „шешир“ во извлекувањето на групите од ЛШ

Бразил против Јапонија, БиХ против САД, познати уште три пара во нокаут фазата на Мундијалот