Утрински Весник
Македонија

Манифестација „Закројување на лозјето“ во кумановското средно училиште „Киро Бурназ“

Манифестација „Закројување на лозјето“ во кумановското средно училиште „Киро Бурназ“

Куманово, 14 февруари 2020 (МИА) – Ученици, професори и граѓани присуствуваа на традиционалната манифестацијата „Закројување на лојзето“ што ја организира средното стручно училиште „Киро Бурназ“ од Куманово.

Манифестацијата се реализира со поддршка на локалната власт и има за цел да ја негува традицијата и да ги поттикне младите да се насочат кон изучување на оваа струка која, според надлежните од училиштето, е перспективна.

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, рече дека ова е убава можност да се продолжи традицијата и им посака успешна година на земјоделските производители, на производителите на вино.

– Училиштето покажува дека покрај едукативната дејност ја почитува и традицијата и сакам да им честитам за добивање на статусот на државно училиште, за што во наредниот период ќе следат капитални инвестиции и верувам дека ќе се врати сјајот на ова училиште, рече Димитриевски.

Директорката на училиштето, Весна Трајковска информираше манифестацијата се практикува повеќе од деценија.

-На овој ден се обидуваме на учениците да им пренесеме дел од традицијата и да ги поттикнеме да ја негуваат. На овој начин го промовираме училиштето и ќе ја развиеме свеста кај младите да продолжат да се занимаваат со земјоделство, да одгледуваат винова лоза, рече Трајковска.

Последниве години има поголема заинтересираност на учениците за изучување на оваа гранка од земјоделството. Стручните објаснуваат дека учениците по завршувањето на оваа струка можат да работат на свој насад или да се вработат во неколкуте семејни винарии кои функционираат во Куманово.

Според стручните професори во Куманово, особено добри услови за одгледување на лозје има во подрачјето на селата Никуљане, Четирце и во сите села во соседната општина Старо Нагоричане.

Димитриевски нагласува дека во последно време во Куманово има неколку семејни винарии и голем број на таканаречени „гаражни винарии“.

– Куманово своевремено беше препознатливо по производство на квалитетно вино и не гледам причина зошто повторно не го вратиме тој тренд, вели Димитриевски.

Лозарството е продуктивно и гранка по која државата е препознатлива на европскиот пазар, затоа сметаат стручните, потребно е да се вложува во едукација на учениците.

Професорите објаснија дека кроењето е неизоставна агротехничка мерка која овоможува правилно насочување на родот, мерка преку која лозјето правилно ја прима светлината, топлината.

Кроењето, според стручните треба да се изврши најдоцна до протерувањето на првите окца околу први април, кога е последен рок за вистински развој на лозјето.ам/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ во Струга

Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите на 8 мај

Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори