Утрински Весник
Спорт

Мане стана најплатен африкански фудбалер, што ќе каже Мо Салах?

Dik 300x250 mk

Садио Мане потпиша за Баерн Минхен и во претстојната сезона ќе заработи 19,8 милиони евра бруто, со што ќе биде втор најплатен играч во тимот зад Роберт Левандовски. Ако Полјакот си замине, тогаш и најдоброплатен фудбалер во составот на Нагелсман.

Ова може да доведе во мало незадоволство во соблекувалната на Баерн Минхен, со оглед дека Мане ги „прескокна“ Мануел Нојер и Томас Милер, но прави уште поголема неволја за Ливерпул.

Садио Мане сега е најплатениот африкански фудбалер, а тоа дефинитивно не му се допаѓа на Мохамед Салах. Сега и Египќанецот размислува за трансфер или можеби за потпис на нов договор со Ливерпул со кој ќе се врати на врвот на Африка, според заработката.

> Мане стана најплатен африкански фудбалер, што ќе каже Мо Салах? <

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс