Утрински Весник
Спорт

Мане ги пакува куферите, се сели во Минхен

Dik 300x250 mk

Садио Мане по шест години ќе го напушти Ливерпул. Сенегалецот кариерата ќе ја продолжи во Баерн од Минхен. „Скај Спорт“, објави дека Баварците ја подобриле понудата за Мане со што ги исполниле барањата на „црвените“.

Баерн за Мане ќе плати 50 милиони евра, останува уште Мане да го стави својот потпис на договорот.

Договорот на Сенегалецот истекуваше на крајот на следната сезона, поради што сумата од 50 милиони, за 30-годишен играч е преголема. Во Минхен веруваат дека Мане може да одигра на врвно ниво уште неколку сезони.

> Мане ги пакува куферите, се сели во Минхен <

Можете да прочитате

Кошаркарската федерација со конкретни мерки за зачувување на регуларноста и интегритетот на натпреварите

Струга го претрпе првиот пораз во шампионатот

Дејан Манасков не се враќа во репрезентацијата