Утрински Весник
Спорт

„Мане во Баерн ќе си ја уништи кариерата“

Садио Мане по шест години го напушти Ливерпул, кариерата ќе ја продолжи во Баерн од Минхен. Трансферот е вреден речиси 40 милиони евра. Мане треба да потпише тригодишен договор со Баерн.

Неговиот трансфер го коментираше поранешниот напаѓач на Ливерпул и репрезентативец на Велс, Дин Саундерс.

„Немам ништо против Баерн, тоа е голем клуб, но лигата не е предизвик. Секоја недела победуваат по 5-0, во Бундес лигата однапред се знае кој ќе ја освои лигата. Тоа не е предизвик. Ќе седне во фотелја, ќе запали пура, ќе игра за Баерн во трета брзина и ќе си ги уништи најдобрите две години во кариерата“, изјави Саундерс и додаде:
„Не можам да верувам дека заминува од Ливерпул, не знам како дојде до ова. Има 30 години, последните шест месеци играше најдобро во кариерата, на моменти беше незапирлив“, заклучи Велшанецот.

Со Ливерпул Мане ја освои Лигата на шампионите и беше шампион на Англија, а пристигна од Саутемптон за 35 милиони евра. Сезонава има постигнато 23 гола во сите натпреварувања, но со доаѓањето на Луис Дијаз мораше да се пресели на позицијата лажна деветка, додека Колумбиецот ја зазеде позицијата десно крило.

> „Мане во Баерн ќе си ја уништи кариерата“ <

Можете да прочитате

Сејдини: Модерна и прогресивна федерација, тоа е целта за сите нас

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Ферстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18.место