Утрински Весник
Македонија

Малолетници од Скопје краделе во продавници во Кавадарци и Велес

Двајца малолетници од Скопје извршиле кражби во неколку продавници во Кавадарци и Велес.

dobivaj vesti na viber

Тие во 20.50 часот извршиле кражба од продажен објект во Кавадарци, а пред тоа во друг продажен објект, одзеле од касата пари. По преземени мерки и активности е констатирано дека 01.07.2022 на подрачјето на Полициска станица Велес во маркет во Велес, од сеф во канцелариска просторија од продажен објект одзеле пари, а истиот ден во уште една продавница во Велес извршиле кривично дело „кражба“ во обид.

Тие се приведени во полициска станица и при извршен службен разговор со нив го појасниле начинот на извршување на делата и по целосно документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Убиство во Охрид: Осомничениот уапсен неколку часа по злосторството

„Europe House“ го одбележа Светскиот ден на поезијата со неколку настани низ државата

Намалена видливост до 50 метри поради магла на патниот правец Попова Шапка – село Лисец