Утрински Весник
Спорт

Малку луѓе на пречекот на новиот шампион Усик

Малку луѓе на пречекот на новиот шампион Усик

Новокрунисаниот ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО шампион во тешка категорија, Олександер Усик доби херојски пречек пред малку фанови во Украина по неговата славна победа над Ентони Џошуа во саботата во Лондон.

Усик убедливо го победи британскиот боксер на поени на стадионот на Тотенхем, за да ја продолжи победничката серија на 19 меча. Тој излезе од Бориспил аеродромот во Киев со аплаузи од малубројните фанови и новинарите, по што тој зборуваше со нив.

Покрај него беше и менаџерот Олександер Красјук, и 34-годишниот Усик вети дека ќе помине повеќе време со неговата сопруга Екатерина и трите деца, Кирило, Михаило и Елизавета пред да одлучи на следниот чекор.

„Сакам обичен живот. Да ги носам децата во школо, да посадам некое дрво и да ја видам мојата сопруга. Поминав три месеци во тренинг-камп и сега сакам да ја видам сопругата и децата“, вели Усик.



> Малку луѓе на пречекот на новиот шампион Усик <

Можете да прочитате

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара