Утрински Весник
Македонија

Малиот пазар во Велес останува затворен, големиот ќе продолжи да работи секој ден од 7 до 14 часот

Малиот пазар во Велес останува затворен, големиот ќе продолжи да работи секој ден од 7 до 14 часот

Велес  11 мај 2020 (МИА) – Поради состојбата со коронавирусот во Велес,  не се дозволува укинување на веќе донесените мерки. Градскиот пазар ќе продолжи да работи според досегашната динамика и определеното работно време, секој работен ден од 7 до 14 часот, а Малиот пазар во Нова населба останува затворен.

Ова го соопшти  Општина Велес каде што денеска се одржа средба на која градоначалникот Аце Коцевски заедно со претставници од Центарот за јавно здравје од Велес, инспекциските служби, МВР – СВР Велес и ЈКП „Дервен“ разговараа за прашања поврзани со отворањето на Малото пазарче во Нова населба, како и за досегашната работа на Градскиот пазар и проширување на продажбата на непрехранбени производи на отворено.

На средбата, исто така, се разговарало и за барањата на регистрираните трговци-поединци за продажба на други, односно непрехранбени производи, како и обезбедување дозвола за продавачи кои  досега ги продаваа своите производи на паркингот зад  ООУ „Панко Брашнаров“ пред Градскиот пазар.

Од Општина Велес информираат дека следната средба на која повторно ќе бидат разгледани овие и други дополнителни барања ќе се одржи идниот понеделник. ад/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина